НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aксел Сотирис Валден: Основа за разумно решение со Грција постои

0
By Светлана Јовановска on June 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот премиер Зоран Заев испраќа позитивни пораки ослободени од национализам кон Атина и Софија во надеж дека Македонија ќе може да влезе во НАТО и да го деблокира ЕУ процесот на интеграција. Дали овој помирувачки тон на Заев може да донесе напредок во проблемот со Грција кој трае над 20 години?

Демократите во Европа се радуваат кога се сопира бранот на примитивен национализам и авторитарност во една од нашите земји. Јас искрено се надевам дека тоа ќе доведе до пробив во европскиот пат на Македонија и до решение на апсурдниот проблем со Грција. Се разбира, треба прво да се види кои се конкретните идеи на новата влада, бидејќи добрите намери постоеле и во подалечното минато но се покажаа недоволни за да донесат резултат. Потоа, потребни се двајца за танго и јас не сум преголем оптимист околу перспективата на помирувачка позиција на другата страна.

Сепак, свежа иницијатива во која Скопје ги напушта националистичката реторика и провокативните чекори вредат да се направи обид. Тоа ќе им помогне на умерените гласови во Атина и истовремено ќе и ја врати на Македонија моралната основа која беше сериозно загубена со претходната влада.

Како ги толкувате пораките испратени од средбата на шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕиас?

Не очекував голема вест од оваа прва средба. Јасно е дека срдечната клима е добра работа, каква што не сме виделе подолго време во нашите билатерални односи, но да видиме какво ќе биде продолжението.

Според вас, дали во наредните месеци ќе присуствуваме на еден вид ново раѓање на вистински преговори помеѓу Атина и Скопје, со, овој пат вистинска желба, од двете страни, да се најде компромис?

Преговорите најверојатно ќе бидат реактивирани. Се надевам дека двете страни ќе го надминат пристапот како ПР операција која ја префрла вината од неуспехот на другата страна. Основата за разумно решение постои од претходните рунди преговори а клучниот концепт е дека ниту една страна не треба да го монополизира терминот “Македонија”. Како што веќе споменав, не сум преголем оптимист. Но новата линија на Скопје без сомнение ќе помогне.

Дали има вистински меѓународен притисок од САД, Германија…. врз Грција за да и се дозволи на Македонија да биде поканета во НАТО? И во тој смисол дали економската ситуација на Грција игра некоја улога во овој притисок?

Верувам дека има обновен меѓународен интерес околу влегувањето на Македонија во НАТО. Сепак, сметам дека е жално што волјата да се интегрира Балканот во европските структури не е водена од европска визија или солидарност туку од ирационалната анти-руска војна.

Сепак, досега, Берлин мудро избегнуваше поврзување на економската ситуација на земјата со нејзините надворешна политика. Таква врска би била видена од страна на Атина како уште една уцена врз сите околу долгот кои донесоа економска и социјална катастрофа и би ги направиле Грците непријатели на Европа. Тоа најверојатно би имало понатамошен дестабилизирачки ефект и би го донеле спротивното од посакуваниот резултат врз грчката позиција за Македонија.

Дали грчката јавност се уште има тврда позиција врз проблемот со името со Македонија?

Денес грчката јавност има други проблеми а не името на Македонија. Сепак, кризата донесе популизам и стравувам дека политичарите и медиумите, доколку така одлучат, би можеле лесно да го искористат тоа за креирање националистичка хистерија како онаа што ја видовме во 90те години.

За жал, основите на главниот наратив за Македонија не е сменет. Од една страна, доколку дојде до широк политички консензус за разумно решение, во што не верувам, речиси сум уверен дека јавноста тоа ќе го следи. Јас пред се верувам дека политичкиот систем, а не јавноста, е главна пречка за решение.

Може да се слушне дека владата на Ципрас е можеби единствена шанса за Скопје да го реши проблемот иако во грчката владина коалиција е и партијата Анел. Се согласувате ли со тоа?

Ципрас и неговата партија се помали националисти од Нова демократија или Пасок. Иако линијата на пресек за овие проблеми минува преку најголемиот број партии вклучувајќи ја тука и Сириза. И покрај тоа, јас не би бил преголем оптимист околу маргините за маневар на нашиот премиер. Прво, поради клучната улога на неговиот високо националистички партнер од коалицијата. И главно поради генерално слабата позиција на владата во моментов: претпоставувам дека нема волја да отвора нови “фронтови” со опозицијата. Која, во последно време практикува политика на напади на сите полиња. Но, како што веќе реков, пријателскиот однос на Скопје би можел да помогне.

Што се случи во 2008 година за време на самитот на НАТО во Букурешт. Имаше ли вето или не? Имаше ли предлог на масата? Зошто притисокот на Џорџ Буш не помогна?

Имаше грчко вето во Букурешт. Судот во Хаг тоа го потврди. Ветото се однесуваше на влезот на земјата под името “поранешна југословенска Република Македонија” и затоа Грција беше осудена од Судот бидејќи ветото е јасно нарушување на Времената спогодба од 1995 година помеѓу двете земји.

Притисокот на Џорџ Буш не даде резултати, можеби поради тоа што тој одбра да притиска истовремено и за членство на Украина и Грузија а на тоа се противеа најголемите европски сили. Сепак, Буш не успеа пред се поради тоа што Грција не беше банана република (и тоа го потврди на најлошиот можен начин).

Како што знаете, Атина одбра да ја игнорира пресудата на Меѓународниот суд за правда иако земјата секогаш ја поддржувала неговата меѓународна легалност околу споровите со Турција. За жал, се чини дека има широк политички консензус околу ова прашање.

Треба исто да се потсети дека има и одлука на НАТО која го условува влезот на Македонија со решение за името (таква одлука нема во ЕУ). Оттука, стравувам дека предлогот за влез во НАТО или ЕУ под привремената референца не е нов и за жал тоа е позиција која од перспективата на Атина е речиси неможна.

Кога Коѕиас зборува за иредентизмот во Македонија на што тој точно мисли?

Официјалната позиција на Грција е дека името, како и различните манифестирања на национализам во вашата земја (како “узурпација на античката грчка историја), се само покритие за потенцијалните идни територијални претензии за грчката Македонија. Со маргиналните екстремистички гласови кои се развиваа во официјален наратив за време на вашата претходна влада, оваа теза доби голема поддршка во Грција.

Се разбира, малцинство Грци, на кои и јас им припаѓам, подвлековме дека претпоставената закана за нашиот територијален интегритет е апсурд, дури и ако такви претензии постојат (јас верувам дека ги нема, барем не кај големото мнозинство на граѓаните и партиите): само еден поглед врз етничкиот состав на северна Грција и билатералната рамнотежа на силите, во поглед на економскиот потенцијал, меѓународните врски и одбрамбената способност се доволен доказ.

Иредентистичките говори сега се присутни насекаде на Балканот и треба одлучно да им се спротивставиме. Но, ни треба да ги оценуваме случај по случај во нивните вистински пропорции.

И, се разбира, негирањето на постоење на македонски јазик или на македонски народ (или на малцинството кое зборува словенски јазик во северна Грција) не е начин за спротивставување на национализмот. Овие негирања се сосема вон од сите сегашни меѓународни или европски трендови, тие ја нарушуваат регионалната стабилност и не се во согласност со нашата декларирана поддршка за постоењето на вашата земја и нејзиниот територијален интегритет.

Уште едно прашање за проширувањето на ЕУ и Македонија. Знаеме дека земјата мора да ја освои повторно препораката за преговори со ЕУ и да почне вистински реформи. Дали навистина ќе има проширување кон Балканот?

Според мене, сегашната криза на ЕУ ја спречува да има и волја и способност за ширење. Нејзиниот приоритет е решавање на внатрешните проблеми и Брегзитот. Императивите на нејзината надворешна политика (Русија, стабилноста на Балканот, бегалци) го држат наративот во живот, но не треба да имаме илузии дека ќе има нови проширувања се додека не се надмине денешната ситуација. Вистина е дека во скорото минато ЕУ и САД влегуваа во запирање на војните и отстранување на авторитарните лидери на Балканот. Но, Брисел е денес доста парализиран а Вашингтон се повеќе непредвидлив; но практично не е можно дека било кој од нив би направил интензивен притисок врз европските земји кои немаат волја да примат нови членки.

Каков заклучок е ова за Балканот?

Прво, примената на реформите, пред се политичките, враќање на демократијата, човековите права, слободата на изразување, независно судство итн треба да бидат цел сами за себе. Истото важи и за одржување на меѓуетничката рамнотежа и мирна кохабитација. Никогаш не ги разбрав аргументите според кои демократијата, единството на земјата и меѓуетнички мир се еден вид понуда до ЕУ поради барање на Брисел. Балканските народи доволно страдаа за да ја разберат вредноста на мирот и демократијата, без оглед на волјата и каприците на Брисел. Градењето демократија и стабилна држава помага исто така во перспективата на придружување, преку искоренување на анти-проширување ставовите во самата ЕУ.

Второ, демократите и про-Европјаните на Балканот треба, мислам, да бидат свесни дека ЕУ перспективата на нивните земји е тесно поврзана со промената на курсот во самата ЕУ. Оттука, оптимална стратегија не е неусловно поврзување со оние во Европа водат политики кои се покажаа катастрофални.

Треба внимателно позиционирање во интра-европската и транс-атлатнската дебата на страна на погресивните сили. Над се, ние про-Европјаните, треба да сфатиме дека некритичкото поддржување во сегашните европски политики само ги засилуваат непријателите на демократријата и на Европа.

Накусо, не верувам дека има некаква deus ex machina во Брисел или Вашингтон. На Балканот, како и насекаде, наше е да ги браниме нашите вредности и интереси и да придонесеме кон Европа која би била нивна рефлексија.

Сотирис Валден, пензиониран висок функционер на Европската комисија во која ја водеше службата за проширување, денес предава на Слободниот универзитет во Брисел. Тој исто така беше советник на грчкиот министер за надворешни работи и кооридинатор на самитот во Солун помеѓу ЕУ и Западниот Балкан. Валден беше активен во борбата против грчката диктатура. Тој имаше високи позиции во партиите на грчката левица и се уште е гласен критичар на официјалната грчка политика за Македонија и има напишано многу книги и текстови на оваа тема како и за други надворешно политички теми за Балканот. Неговите ставови изнесени во ова интервју се лично негови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.