Главна заложба на движењето БЕСА – новиот политички субјект на Албаците во Македонија е коплетно ново политичко и општествено уредување на државата. Постоечкото не ги задоволува правата на Албанците кои се дискриминирани во многу сфери, рече Биљаљ Касани од иницијативниот одбор. Според него, треба да се изгради нова држава која нема да биде ниту како онаа од 45тата година , ни како од 91тата, или пак онаа од 2001та година, јавува ТВ ТЕЛМА.
Досега, не само рамковниот договор, туку и претходните уредувања на Македонија беа донесени во војна. Треба да седнеме и да сфатиме што поматаму со оваа држава бидејќи вака веќе не оди, рече Биљал Касами. член на иницијативниот одбор.
Во движењето БЕСА го исклучуваат федералното уредување како опција, и инсистираат на граѓански систем во кој како што велат сите етнички групи би биле рамноправни. Албанците во Македонија,според КАсани не се почитувани, особено не од македонските политички елити.
До сега така било. Во 2001 година, кога имаше гласини за Тетово и Гостивар се велеше- да се отарасиме од Албанците.Мислам дека кај македонските политички елити секогаш постоел тој концепт за нас како нужно зло, рече Касани
Движењето Беса ги обвинува актуелните политички партии на Албанците за ова состојба Иако се дел од власта, тие практично немаат власт вели Касани. Целта е во програмата на БЕСА да се препознаат сите, особено младите кои поради огромната невработеност се почесто си заминуваат од државата.Ќе се борат против корупцијата, непрофесионалноста, а ќе ги застапуваат традиционалните ставови за семејството. Тврдат дека ќе работат во интерес на дражавата и сите нејзини граѓани.
извор: телевизија Телма