Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директор, па уште и Ратататајковски

2
By Биљана Секуловска on September 24, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 24, 2016 11:18

Интервјуто на специјалната обвинителка Катица Јанева за МТВ никогаш немаше никогаш толку да ја распамети и растресе јавноста (а би требало, и тоа многу би било пожелно, особено осомничените и обвинетите), доколку на Ју тјуб не се појавеше извесно немонтирано интервју, кое протекло од неидентификувани извори, кои и веројатно никогаш нема да бидат откриени. А за што, се разбира дека новоименуваната уредничка Санта Аргирова нема никаква вина, ако под вина не ја сметате мисијата јавноста за прв пат, после десет години, да биде целосно, непристрасно информирана.

Дебатите и нападите кон Јанева за нејзината елоквенција, речитост, комуникациски вештини, сета оваа рафална канонада на напади е навистина беспредметна за понатамошни анализи и мизерна во самата основа, во сржта.

Но, овие напади се очекувани, тие доаѓаат од истиот центар кој е соголен, кој сега искрвавува, кој е под истрага на Јанева за криминали и злоупотреби за кои мора да се одговара.

Сепак тука не би требало да се сопре, затоа што идејата, мотивите за објавување на немонтирано интервју се вредни за миг да се застане и да се проговори.

Да се проговори за новинарството, за големата идеја на оваа професија, која којзнае колку им е смешно на оние под палката на директорот на МТВ Рататајковски, што Маркес ја нарекува најубавата професија воопшто, која му ја дала смислата на животот и сонот да стане писател, без што и ние не ќе можевме.

orwel

Би сакала сите овие луѓе, вработени во јавниот сервис и инволвирани во кражбата на интервјуто со Јанева, вклучувајќи ги и наредбодавците, партиските, до вчера вмровски великани, денеска веќе преплашени и стутулени џуџулиња, за момент, само за еден миг, да помислат на Маркес, на Хемингвеј, Орвел, Дикенс, Твен, да споменам само неколку важни имиња за сите нас, да се потсетат на новинарите кои подоцна стануваат писатели, затоа што, никому не му било смешно, никој не гледал со презир, не се потсмевал на Рилке, кога некому му соопштил: Ако можете да живеете без пишување, тогаш воопшто немојте ни да почнувате.

Овие луѓе за кои говорам, моралните креатури вработени во МТВ, како и нивните вмровски газди,  кои веројатно никогаш нема да разберат зошто Маркес живеел за да раскаже, токму тие имаат и за што да се фатат за животчето и да не го испуштаат секој сок кој се цеди од него, да го зграбат халапливо,  алчно,  затоа што со црвјосаниот трулеж само така можат да опстанат.

Само што тие се од другата страна на еден живот каков што е оној на Маркес, тогаш кога велам дека и тие живеат за да раскажат, тие се на онаа страна каде се превртуваат црева и таа глувчешка дупка во која ја доведоа земјава е нивно легло кое засекогаш ќе го поседуваат.

Би сакала да знам дали некогаш, овие луѓе за кои сега пишувам, луѓево од МТВ и нивните вмровски шефови, дали тие некогаш седеле и гледале и размислувале во темница, онака како што гледал Маркес, затоа што не можел да чита под свеќа, за да не ја троши премногу после пладне, кога веќе станувало невозможно да се види дури и буква.

Дали можеби им се случило  да ја имале истата радост на Маркес  со “Двојник” на Достоевски, тогаш кога со месеци слушал за оваа книга и ја барал насекаде и одеднаш додека патувал со брод, ја видел, случајно запознал некое момче кое ја поседува и тоа момче на крајот на патувањето ќе протрча покрај него и ќе му ја тутне во рацете.

dostoevskys-study-in-st-petersburg

Разликата е што идолот на Маркес не можел без свеќи да работи, пишувал со две свеќи на масата, во соба во која освен кревет на кој спиел,  кој му служел за потребите и како кауч, имало сепак и газиена ламба, но оваа соба е една од многуте живеалишта на Достоевски кои ги опишуваат неговите современици.

Знам, знам, ним, на оние од јавниот сервис, кои доброволно станале робови на вмровската пропаганда, тие, кои треба да му служат на новинарството, на правдата, вистината и честа,  не им е јасно што воопшто пишувам. Но, едноставно е- ним и никогаш нема да им стане јасно дека светот не може да опстане без пишување, без книги, без светлост, без фантазија, без весници, без новинарство, без вистина и без правда, конечно. Тоа е таа светлина без која не се може.

Зошто е ова воопшто важно што го пишувам? Навистина, ако решиме да бидеме цинични, може и ништо воопшто и да не биде важно, ниту вредно за паметење, за пишување, ниту за читање. Ниту еден роман, новинарски текст, интервју.

Конечно, ако ја земеме во предвид онаа процентуална можност- 20-50% дека сме компјутерски производ, она најново истражување на научниците за разбирањето на светот и човештвото, некако се полесно се прима.

Веројатно оние луѓе од МТВ и вмровските нарачателски “умови”, на кои им е посветен овој текст, а се после кражбата на интервјуто со Јанева, ете, тие луѓе сега се шетаат низ монструозно големата бивша жолта куќа и низ другиот мастодон, и раздрагано, весело заклучуваат: ако сме една голема нула, ништожен, непостоечки компјутерски код, тогаш уште подобро за нас. И веројатно живеат за ова да го докажат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.