Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на иранската дипломатија Казем Гарибабади.
Техеран денес го повика Вашингтон да признае воен пораз, додека американскиот претседател Доналд Трамп им порача на граѓаните на САД дека, поради блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран, треба да се подготват за високи цени на горивата.
Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран. Додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да живеете во фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата, изјави заменик-шефот на иранската дипломатија Казем Гарибабади.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Техеран не одлучил да ги продолжи преговорите со САД.
Вашингтон мора да ги исполни условите, за да овозможи сообраќај низ Ормускиот теснец, низ кој минувала една петтина од светската нафта пред војната, изјави Аракчи.
Цената на бензинот во САД се зголемила за 29 проценти во споредба со минатата година, според Ројтерс.




