Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гентамицин со ризик за алергиски реакции-лекарите никој не ги известил

1
By Менче Атанасова Точи on February 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2018 14:35

Инjекции Гентамицин со голем  ризик за појава на несакани реакции, контаминирани со хистамин се наоѓаат во амбулантите и болниците во државата, а лекарите не се информирани за ова. Пред неколку дена пациентка од Велес одвај останала жива откако добила силна алергиска реакција по примена инјекција Гентамицин. Во ординацијата каде штос е случил немилиот настан тврдат дека не биле известени за ризикот и опасноста од лекот.

„ Тоа беше многу силна шокова реакција, досега не се случило вакво нешто. Веднаш беше дадена анти-шок терапија и 45 минути се боревме за нејзиниот живот, по што со возило на Брза помош беше однесена во болницата во Велес. Случајот веднаш беше пријавен во МАЛМЕД“, изјави за НОВА, д-р Лилија Чолакова Дервишова во чија ординација се случила несаканата реакција.

Откако го пријавиле случајот во МАЛМЕД и им било соопштено дека безбедносното предупредување веќе е објавено на веб страната на МАЛМЕД,  од амбулантата побарале да им го испратат предупредувањето кое го ставиле на веб страната на Здружението на приватни лекари за да можат да видат и да прочитаат лекарите кои што се членови таму.

НОВА побара одговор во неколку здравствени установи дали се известени за ризикот од одредени серии на Гентамицин, но од таму добивме одговор дека досега не добиле предупредување од никого, а тие не се во можност да ја забележат секоја промена на веб страната на МАЛМЕД. Некои амбуланти во руралните средини дури не се ниту во можност да следат интернет.

Од Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) велат дека на 26 декември минатата година на својата веб страна објавиле предупредување дека овој раствор за инјектирање содржи гентамицин сулфат како активна супстанца и може да предизвика силни алергиски реакции и шок поради што е неопходно внимателно да се следат пациентите со знаци на несакани реакции кои се асоцирани со контаминација на хистамин. Но, во предупредувањето никаде не стои дека овие лекови се повлекуваат од употреба.

„ При крајот на декември минатата година Комисијата за огласување и безбедност при МАЛМЕД изготви писмо – Безбедносна информација за Гентамицин кое беше јавно објавено на веб страната на МАЛМЕД. Допис со истата содржина беше испратен и до ФЗОМ и Министерството за здравство. Компаниите кои се носители на одобрението беа задолжени да дистрибуираат писмо со безбедносна информација до сите здравствени работници. Се ова е во согласност со глобалните препораки и препораките од земјите во ЕУ каде се бара само да се спроведе безбедносна информација, но лекот не е предмет на повлекување. Причината за ваквата глобална препорака е дека се афектирани само одредени серии од активната супстанца. Инаку, лековите кои ја содржат оваа активна супстанца не се увезени од паралелен увоз“, се вели во одговорот на Агенцијата за лекови(МАЛМЕД)

Во безбедносното предупредување стои дека инјекциите Гентамицин од фарамацевтските компании кои користеле активна супстанца од еден ист производител содржи остатоци од хистамин и неговото инјектирање во телото може да доведе до тешки алергиски реакции како што се: исип, стомачна болка, гадење, дијареја, тешкотии при дишење, оток или трнење на јазикот, потешкотии во говор или зарипнат глас, губење на свест или колабирање.

НОВА се обиде да дознае од која земја потекнува активната супстанца која била употребувана во лекот, но во МАЛМЕД  не сакаа да одговорат на тоа, а во ФЗОМ кои добиле допис со ваква информација посочија дека тоа било државна тајна и од безбедносни причини не смее да се објавува.

.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.