Европската комисија одлучи денес да не излезе со соопштение за одлуката на Иванов, но комесарот Хан испрати силна порака преку Твитер.
“Денешната акција на претседателот Иванов не во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали се се уште можни кредибилни избори. Политичките лидери мораат да знаат дека неодамнешните акции се сериозен ризик за евро-атлантската иднина на нивната земја. Демократијата значи компромис во служба на граѓаните. Ги повикувам сите политички партии да се вратат на преговарачката маса и да ја продолжат работата на реформите”, напиша Хан на Твитер.
Бриселски дипломатски извор тврди дека се уште не се размислува за нов договор и дека во постоечкиот договор од Пржино има уште многу можности и елементи кои треба да се искористат па засега не се размислува за Пржино 2. Но, одлуката на Иванов го врати европското внимание кон Македонија и овие денови може да се очекуваат нови реакции и чекори.