Изгаснати се пожарите на дивата депонија во Струга, а затрупан и покриен е повеќе од половина од отпадот што се наоѓа таму.
Тешка механизација веќе втор ден работи на локацијата, со цел конзервација на локалитетот што веќе неколку месеци наназад беше опожаруван, а густ чад и штетни честички секојдневно го загадува воздухот, предизвикувајќи респираторни и други проблеми кај населението на Струга и околните села.
Од граѓанската иницијатива „Доста е“ до надлежните упатија барање со три точки, во кои се бара веднаш да се изнајде нова локација за отпадот, во најкус рок целосно затворање и конзервација на дивата депонија, како и разработување методи за намалување на отпадот и негова селекција.
За во среда на 21 јуни најавија нов протест во Струга.