Обвинителот во Обвинителството за организиран криминал Јован Илиевски со 106 гласа ЗА е избран за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Неговиот противкандидат, судијката од Уставниот суд и професорка Наташа Габер Дамјановска добила 86 гласа.
Изборот на судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права беше една од точките на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) што се одржува во Стразбур
Комисијата за избор на судиите при ПССЕ, претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандидати доставени од Република Македонија. На состанокот минатата недела на 29 и 30 септември 2016 година во Париз имаше разговори со сите канидати, по што со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, пред Јован Илиевски, кој е баџанак на бившиот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е осомничен за повеќе дела во случаите што го покрена Специјалното јавно обвинителство.