Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Влатко од бомбата на Заев преку чија фрима се врши трансакцијата со Израел

0
By Нова ТВ on April 1, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 1, 2015 16:20

Пишуваат: Сашка Цветковска и Владо Апостолов

НОВА ви претставува профил на „Влатко“ или личноста со која судијката од Управниот суд, Светлана Костовска договара што да стои како основ за да легнат парите од договорените провизии утврдени во разговорите со директорот на УБК Сашо Мијалков, како што тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во транскриптите коишто опозицијата ги доставува до медиумите, „Влатко“ е напишан како Влатко Стајковиќ, а во еден од телефонските снимки помеѓу Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата, а со Влатко се договара со каква назнака би легнале истите.

НВСП, според досегашните објавени истражувања на базата за медиумска сопственост „Медиапедија“ е компанија којашто се занимава со различни дејности – од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, дозвола за промет со оружје и со муниција, медиуми и друго. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Според евиденцијата на Централниот регистер на Македонија, компанијата НВСП е сопственик на Радиото Слободна Македонија во кое што свои емисии имаат Миленко Неделковски, новинарките на Сител телевизија Славица Арсова и Наташа Мерсовска, професорката на правниот факултет Татјана Каракамишева, екс-вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и други новинари и експерти кои што во јавноста важат за блиски до владејачката ВМРО ДПМНЕ. Радио Слободна Македонија има седиште на иста адреса со неделникот и портал „Република“, чијшто газда е фирмата „Ирезине Лимитед“ од државата Белизе.

Фирмата НВСП ја поседува и телевизијата К3 (поранешен „Златен канал“) од Куманово. НВСП е формирана во 2006 година. Стајковиќ, покрај тоа што е основач на НВСП, тој е и директор на фирмата „Мобико“, каде што сопственик е извршниот директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски.

Луковски, пак, приватно е близок пријател, а од неодамна и кумашин на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Шефот на тајната полиција беше кум на свадбата на Луковски со неговата избраничка годинава.

Стајковиќ, исто така, е и член на Надзорниот управен одбор на Државна видео-лотарија, новата заедничка фирма на македонската Државна лотарија и на австриската „Касинос Аустриа“, преку која ќе се организира видeо-лотаријата што неодамна ја најави Владата. НОВА пишуваше за овој случај, каде што откривме дека доминантен сопственик на „Касинос Аустриа“ е, всушност, офшор-компанија од Лугано, Швајцарија.

Владислав Стајковиќ, преку НВСП, бил и првиот газда на фирмата за обезбедување имот и лица, популарната СГС, но и прв газда и на скопската компанија „Финзи“, која денес под свое го има Нетпрес, еден од најгласните провладини медиуми.

5. Разговор на Светлана Костова со Влатко Стојковиќ

ВС: Ало?
СК: Ало Влатче?
ВС: Еј, повели.
СК: Заборавив вчера да те прашам…
ВС: Ајде.
СК: Да не има нешто ново во однос на плаќањето?
ВС: Е па денеска ќе провериме, мислам дека ќе, би требало да стигне имаме најава и да видиме ако може утре или задутре да исплатиме.
СК: Сето да го завршите. Добро оти…
ВС: Ама мислам дека….
СК: Ние имаме состанок со директорот, затоа.
ВС:…далеку е од све. Мислам дека уште 100-че фали.
СК: Пак ќе фали, а?
ВС: Не, не уште 100-ка фали, не се стигнати или 90…
СК: Овие, овие што ќе стигнат пак ќе фали?
ВС: Е не, ја ги очекувам тие дали се стигнати. Значи уште тие 90 последните.
СК: Ако стигнат тие може да се затвори авансот конечно.
ВС: Да, да, да. Ако не е стигнат исто ја ќе пробам евентуално со мои нешто да убацам некои динар, за да затворам. Ваљда они ќе ги пуштат сите.
СК: Не јас ќе се видам денеска секако со директорот, значи така е договорено…
ВС: Кажи му така, молим те. И она поразговарај го конечно зошто јас се чув со него…
СК: Да де да, еве го јас правам нешто, не ставам и тука нешто, знаеш како нешто измислив, ама…ќе ти кажам, само првин директорот да го види.
ВС: Види ако може, можеш и да ме викнеш, не е проблем никаков.
СК: Не, не овде ставив amount of the donation will be толку и толку which is include или така нешто, кое е вклучено expenses and provision for the така нешто ќе биде.
ВС: Може, може.
СК: Така нешто, ќе го прашам само директорот и така ќе го ставиме.
ВС: Мора да стои за да знаеме…
СК: Мене ми е уште го немам видено да знаеш.
ВС: Ако, ако.
СК: Само ми прати порака дека денеска ќе се видиме..
ВС: И мене вчера ми рече дека ќе ме викне, ама
СК: Не, не денеска мора да ме види, имаме состанок…
ВС: Важи. Здравје
СК: Мислам дека ќе се видиме.
ВС: Важи. Ако Ви требам, свртите, иако јас ќе бидам денеска со некои гости ама…
СК: Не е страшно. Сакав да бидам сигурна што имаме до крај.
ВС: Важи. Супер се гледаме, чао.
СК: Важи, чао.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.