Published: Monday, May 4, 2026 20:13
Лајпциг: Две лица загинаа, а уште две се тешко повредени кога автомобил се судри со група луѓе во центарот на источногерманскиот град Лајпциг, објави локалната телевизија MDR, повикувајќи се на полицијата.
Полицијата во Лајпциг потврди за Ројтерс дека има повредени по судирот на возилото, но не можеше да даде дополнителни детали.
Според Радио Лајпциг, оштетен теренец „Фолксваген“ во кој се наоѓало едно лице, бил виден како брзо се движи низ пешачка зона.
Истиот извор, повикувајќи се на сведоци, наведува дека неколку тела биле покриени со чаршафи и дека имало и напад со нож.




