НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

0
By Нова ТВ on July 8, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На камената сцена на плоштадот „Александрија“ во Прилеп со сценско музичкиот перформанс „Традицијата оживува“ беше  отворен 43-от фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Уметничкиот перформанс  претстави ревија на женски носии од Полошкиот регион од крајог на 19-от и почетокотна 20 –от век, а преку песни и обичаи ја прикажа статусната улога на жената од овој крај. Автор на ова несекојдневно доживување е студентот Бојан Петковски.

Денес (сабота) и утре, в недела, се двата натпреварувачки дена. На Рудина кај Долнени, која  за прв пат доби амфитеатар.ќе настапат околу 350 изведувачи на народни инструменти и песни.

Програмата вo сабота ( 8 јули) почнува од 18.30 часот.

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се одржува под покровителство на Министерството за култура,  со поддршка на општините Прилеп и Долнени.

Пеце Атанасовски е една од клучните личности во македонската култура, преку фолклорот, по Втората светска војна. Од 1959 година до пензионирањето, тој бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет културно-уметнички друштва во Македонија.

Од 1966  година, во текот на следните 29 години, ја раководел Фолклорната школа за странци во Отешево. Во 1973 година го основал и бил директор на Долненскиот фестивал, кој по неговата смрт бил именуван како Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”.

Со своите гостувања со разни културно-уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на македонскиот мелос. Атанасовски бил носител на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен (Англија), во Брно, итн.

Во конкуренција на 1 800 гајдаџии од целиот свет, тој го освоил првото место и наградата „Златна гајда” на фестивалот во Ериче, Италија  во 1988 година. Како светски признат народен инструменталист, држел часови на разни универзитети во светот, од Анџелес до Токио. Во текот на својата кариера, Атанасовски собрал импозантна фолклорна збирка од околу 20 000 народни песни и ора.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.