Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од поглаварот на МПЦ за Велигден

0
By Нова ТВ on April 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 15, 2017 10:32

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден.

„Возљубени празникољупци, велегласно ќе бијат црковните камбани, објавувајќи го Христовото воскресение, и пренесувајќи ја радоста за Празникот над празниците. Силно ќе одѕвонуваат воскресенските ѕвона, повикувајќи нè торжествено да го отпразнуваме светлозарниот ден на Христовото воскресение. Затоа, молитвено да се пренесеме до спасоносниот Настан, та едномислено и еднодушно, заедно со Небото и Земјата, да Го прославиме Бога за сите Негови дела.

Во овие торжествени мигови, да се потсетиме на неповторливата жртва, кога Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да има живот вечен. Под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме, освен преку името на Христа воскреснатиот, преку Кого на паднатиот човек повторно му се вратени достоинството и вечноста.

Во она воскресенско утро, ангелот објавил: зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Па, Тој е жив, Тој воскресна. Затоа, Велигден е празник на животот, зашто ако нема воскресение, нема победа над смртта, нема вечен живот.

Возљубени, нашево време, за жал, изобилува со недоразбирања, судири и страдање. Доброто, љубовта и вистината се потиснати од злото, користољубието и омразата. Крајно време е луѓето да се свртат и да се вратат кон Бога, Кој е единствениот пат, вистина и живот. Нашиот народ знае дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо. Знае дека богољубието и братољубието се двете основни правила по кои треба да постапуваме. А, многупати се потврдило дека само кога со едномислие чекориме во вистината Божја, и кога сме сплотени – имаме напредок; дека чесноста, вистината и правдата се добродетелите со кои најдобро можеме да се бориме против сите непријатели.

Оваа година, како Црква и народ ја одбележуваме 50-годишнината од воскресението на нашата древна Мајка, Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Таа богоугодна и народољубива одлука на нашите претшественици од 1967 година, ќе ја одбележиме молитвено и со свечености во сите наши епархии и институции, ќе канонизираме богоугодници од нашиот род, и ќе се потсетиме на оние кои се вградија во воскресенското дело. Со Божја помош, да продолжиме устремени до конечното прифаќање на нашата Македонска меѓу помесните православни Цркви. Христос воскресе“ стои во велигденска порака на поглаварот на МПЦ., г.г. Стефан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.