По два дена облаци од чад и протести на граѓаните на Струга, од синоќа е ангажирана соодветна механизација во Струшкиот регион за да се изгаси пожарот на дивата депонија кај Струга.
Механизацијата го расчистува патот за да може да се пристапи до пожарот, кој се гаси, а потоа депонијата да биде затрупана.
Стружани со години од надлежните органи бараат решавање на овој проблем, а сега и итна интервенција за гасење на пожарот на депонијата, која се наоѓа на стотина метри од градот.
Граѓаните бараат депонијата да се дислоцира.