НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Супер куп

12
By Нова ТВ on August 10, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Скопје и цела Македонија беа сведоци на вистински спортски спектакл оваа недела. Супер-куп мечот меѓу колосите Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед беше навистина незаборавно доживување за многу граѓани од оваа земја кои имаа среќа од блиску да следат меч од висок калибар, од оние кои страстно ги гледаме на телевизиските екрани. Исто-така, позитивната атмосфера и високото ниво на организација и дадоа дополнителна вредност на оваа манифестација, која се надевам ќе остане во меморијата на многуте гости кои за прв пат ја посетија оваа наша мала и чудна земја, земја со многу маки. За момент, се почувствувавме како вистински Европејци. Вистински Европејци, со лажни бродови, тоа е, чудна земја, ви велам.

Уметничката програма која и претходеше на спортскиот натпревар беше исто-така вистински спектакл. Мене посебно ми се допадна точката подготвена од децата со потешкотии во слушањето кои преку јазикот на знаците успеаја да пренесат длабоки емоции кај публиката.

Организаторите на уметничката програма имаа одлучено да го презентираат фолклорот на оваа земја во свеченото отворање. Ова секако дека беше прекрасна идеја која ансамблот “Танец” прекрасно ја изведе. Меѓутоа, тоа што и фалеше на оваа точка беше шаренилото која е главна карактеристика на оваа земја. Колку поубаво и побогато ќе изгледаше доколку наместо да има четири ора играни од групата “Танец”, гледачите дојдени од далеку да можеа да видат најмалку шест ора на различни фолклорни ансамбли кои се активни и кои претставуваат различни етнички групи во оваа земја.

Глетката ќе беше многу побогата, додека пак сите граѓани на оваа земја ќе се чувствуваа подобро претставени на овој значителен настан. Во секој случај, стадиумот е доволно голем за да овозможи претставување на повеќе фолклорни групи на исто место. Толку ли е тешко да се направи една заедничка кореографија, во која за неколку минути повеќе етнички групи ќе го презентираат својот фолклор за да покажат дека постои поголема солидарност меѓу граѓаните на оваа земја?

Кога ли ќе научат раководителите на нашите институции дека нашето шаренило е предност а не хендикеп, дека од тоа шаренило не треба да се срамиме туку со истото да се гордееме, и во секојдневниот живот во државава а и кога истата ја претставуваме пред странските гледачи? Колку убаво ќе изгледаше едно такво фолклорно шаренило, како што беше убаво шаренилото од маиците во различни бои што ги носеа децата при нивната изведба.

И секако, реакциите за овој пропуст беа бројни. Во моментите кога треба да се изгради една нова Македонија од пепелот и правот на една пропадната диктатура, секој таков пропуст боде очи. Често сум кажала дека веќе разбудените граѓани на оваа земја нема повеќе да бидат толерантни како што беа во минатото за пропустите на претставниците државните институции.

Така како што не се толерантни кога полицаецот повторно се случува да ги надмине своите надлежности, на ист начин не се толерантни кога фолклорот е шарен за Илинден ама не е шарен за Супер-купот. Така како што не беа толерантни за патните трошоци на Силвана Бонева, така сега не се толерантни за патните трошоци на пратениците од новото парламентарно мнозинство. Затоа што еднаш веќе разбудениот граѓанин тешко паѓа во летаргичен сон. И тоа е добро, тоа е знак дека демократијата почнала да функционира.

Меѓутоа, треба исто-така да се знае каде да се насочи критиката. Претставници на оваа држава не се веќе само Македонците туку и Албанците а и другите етнитети. Претставувањето на граѓаните во државната власт носи привилегии меѓутоа, пред се носи конкретни должности, кои не ги исклучуваат и претставниците на не-мнозинските заедници. Го прочитав официјалниот одговор на Владата на новинарско прашање во врска со пропуштањето на претставувањето на различните фолклорни групи на свеченото отворање на Супер-Купот каде се вели дека оваа Влада го обезбедила техничката поддршка за настанот, додека пак концептот и уметничкиот дел биле направени од претходната и од ФФМ.

Кратко размислување, и во минатата, и во сегашната влада имаше министри а и вице-премиери Албанци. Друго кратко размислување, заменик-претседателот на ФФМ е Албанец. Заклучок: одговорноста за вакви пропусти освен на главните организатори пред се паѓа и врз гореспоменатите затоа што не успеале да дадат конструктивни предлози кои со малку повеќе осет (кој не смее да отсуствува кај никого кој одлучил да претставува мултиетнички граѓани) би го направиле настанот побогат и порепрезентативен за сите нас.

Не е лесно да се гради мултиетничка држава. Меѓутоа, со заеднички напори и со повеќе осет од сите страни, ништо не е невозможно.

Еве, на пример, пред многу години, некаде во деведесеттите, изгледаше сосема невозможно да помине во Влада Предлог-законот за службена употреба на јазиците каков што го имаме сега. Службената употреба на Албанскиот јазик претставуваше табу тема, иако истиот одамна, во седумдесеттите бил во таква службена употреба. Во меѓувреме се случија Охридски рамковен договор, Уставни амандмани, Шарена револуција, и на крај заедничка добра волја да се реши едно прашање преку исцрпување на сите можности што ги предвидува Уставот на оваа земја. Бидејќи, за тие што не знаат или се прават дека не знаат и паѓаат во несвест за овој закон, Албанскиот јазик е службен јазик во оваа земја уште од 2001 година, а од 2008 година имавме сличен закон за јазиците, меѓутоа со големи пропусти.

А за тие што мислат дека сегашниов предлог-закон не значи ништо ново за Албанците, нека се потсетат на времето на Груевски кога овој закон беше предмет на злоупотреба на чувствата на Албанците во оваа земја, како во филмот “Адвокат на ѓаволот”: “Може да гледаш, ама не смееш да чепкаш, можеш да чепкаш, ама не смееш да вкусиш” или во превод: “Може да зборуваш ама не и да пишуваш, може да пишуваш ама не и да водиш седница на Албански”.

Е таков закон имавме, како да е правото на службена употреба на мајчиниот јазик чешма, која ако се отвори за Албанците се затвара за Македонците. Такви срамни “решенија” се надминуваат само со вистинска конструктивна волја на луѓе и влади кои сакаат да решаваат работи а не да создадат нови проблеми. Така, ако се сака, се може и Уставот да се почитува.

Тоа што за моментот изгледа сеуште невозможно е воспоставувањето на правдата во оваа земја. Луѓе, со Зврлевски што правиме, море еееј?! До кога ќе му се овозможи на ВМРО-ДПМНЕ да игра мајтап со правдата во оваа земја и отворено да го брани криминалот бранејќи го страстниот бранител на тој криминал кој претходно ги бранеше токму нив, преку непостапување во врска со нивните злодела?

Ова е суштинското прашање, заедно со многу други прашања кои директно се врзуваат со воспоставувањето на правдата, со носењето одговорност за сторени кривични дела и со завршување на епохата на недопирливост. Фолклорните грешки лесно може да се исправат, меѓутоа, без вистинска правда никогаш нема да има вистинска слобода. Всушност, без правда нема ни фолклор, ни јазик, ниту пак држава.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.