Published: Wednesday, May 11, 2016 19:35
Демонстрантите се упатија кон резиденцијата на претседателот Иванов, Вилата Водно. Патот до оваа резиденција поминува преку улицата Мајка Тереза која денес стана шарена.
Улицата Мајка Тереза, поранешна Водњанска, е ишарана со написи “Ајде да имаме боја”, “Слободата е шарена” и “Смрт на фашизмот”.
Протестот станува се помасовен. Жителите на улицата Мајка Тереза со мавтање со рацете му ја даваат нивната поддршка на протестот.
Приодот до резиденцијата на претседателот Иванов е блокиран од полицијата. Кордонот полицијата не дозволува пристап до Вилата Водно.
Демонстрантите на разглас ги пуштаат бомбите за апсењето на Љубе Бошкоски и за прекумерното трошење на државни пари.
Протестот е мирен и се скандира “Уа криминалци”.






