Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Груевски сè уште е на свадба кај пријател во Италија

5
By Нова ТВ on July 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 6, 2016 21:02

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска  не се сретна со германскиот специјален  пратеник, иако во агендата на Јоханес Хајндл, била предвидена таква средба.  Од  владејачката партија за НОВА велат дека причината е тоа што Груевски се уште е на приватно патување во странство заедно со семејството.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен на денешната средба  од причини кои веќе ги соопштивме. Заедно со семејството е на приватно патување. Тој беше лично поканет на свадба кај пријател надвор од Македонија уште пред неколку месеци. Престојот во странство го завршува заклучно со утрешниот ден, вели за НОВА портпаролот на владејачката партија Иво Котевски.

Како што дознава НОВА од дипломатски извори, германскиот пратеник воопшто не бил известен за отсуството на Груевски, иако тој специјално денеска пристигна во Македонија да оствари поединечни средби со лидерите на најголемите четири политички партии – потписници на Пржинскиот договор.

Котевски за време на средбата на Хајндл со партиски претставници на ДПМНЕ, телефонски за НОВА изјави дека не знае точно кој од партијата ќе се сретне со Хајндл.

Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите, денеска со Хајндл се сретнал со делегација на партијата, не прецизирајќи имиња кој бил на средбата.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со постигнување на решенија од областите опфатени со политичкиот договорот постигнат минатата година, како и европските интеграции како дел од стратешките приоритети на државата“, се вели во соопштението.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов пред неколку дена објави фотографии од Груевски на аеродромот во Рим и го обвини дека бил во шопинг на скапи брендови. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на обвинувањата и соопштија дека Груевски бил кај пријател на свадба во Италија.

gruevski

 

#Груевски #ВМРО-ДПМНЕ Хајндл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.