Вечерва (четврток) во 20:30 часот, милијардерот Џорџ Сорос и основач на фондација „Отворено општество“ ќе одржи говор на годишната традиционална вечера за медиумите на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Телевизијата „Блумберг“ ќе ја пренесува во живо дискусијата на оваа вечера каде што тема ќе биде неговиот неодамна објавен есеј „На отвореното општество му треба одбрана“.
Видео стримот е достапен на следниот линк.