Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Вчера имаше обид за убиство со план и умисла

0
By Нова ТВ on April 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 28, 2017 15:00

Она вчера беше обид за убиство по план и добра умисла, почнувајќи од влезот, однесувањето,  посочувањето, координарањето со одредени структури во Собранието, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес конференцијата по повод вчерашните настани.

Насилството врз новинарите и врз легитимно избраните претставници од граѓаните е потткнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски, Митко Чавков и група нивни соработници кои ги погодува трансферот на власта, кој носи правда и одговорност, рече Заев.

Тој притоа повика на итна оставка на директорот за јавна безбендост Митко Чавков.

Заев истакна дека нема намера да присуствуваат на лидерска средба што вчера преку јавно обраќање ја свика претседателот Иванов, истакнувајќи дека тој е дел од проблемот, и не може да биде дел од решението.

На прашањето дали знае кои се лицата кои вчера брутално тепаа новинари и пратеници, Заев рече дека тоа истрагите ќе го откријат.

-Јас лично ги познавам кои се тие кои со жар и крв во очите бараа одземање на животите.  Дел беа полицајци, дел се бандити. Никој нема да остане трајно скриен зад својата маска, рече Заев.

Тој сега очекува прво предавање на Кабинетот на новиот претседател на Собранието, потоа испраќање писмо до Иванов, а за два до три дена и да биде доделен мандатот по што ќе следи и изборот на нова влада.

-Направивме голем чекор, избравме нов претседател и следните чекори ќе бидат кон нова реформска влада. Насилството што се случи не е демократска вредност. Им беше потребно за да ги зачуваат своите интереси да ги погазат граѓанските и државните. Тоа не е резултат на поединци, туку на остатоци од еден режим во распаѓање и насилство врз Уставот и демократијата. Вчера беше тест. Во периодот мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и држава и со совест да застанеме зад вистинските вредности и да ги одбраниме и да не подлегнеме на шпекулации кои носат раздор, изјави Заев на прес конференцијата, на која повика на присебност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.