Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жолтите ленти на ВМРО за спас на изборите

0
By Биљана Секуловска on September 9, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 9, 2017 10:52

Иако информациите велат дека транзитниот камп Винојуг кај Гевгелија е празен, конечно, бројката е само 13 мигранти кои очекуваат да заминат кон Европа, ВМРО-ДПМНЕ со особен акцент на хистерија најавува референдуми против мигрантите токму на денот на локалните избори. Гевгелија, Штип, Кавадарци, Битола, Гази баба, Аеродром, Карпош – за почеток тоа се општините каде се најавуваат референдуми, а до локалните избори бројката многу лесно може да се зголеми зависно од апетитите на ВМРО, оние апетити за создавање на хаос, само заради паничниот страв од изборите.

ВМРО секогаш се гордее со политиката која ја промовира, негува и одржува- тоа е нивната специјалност за која само тие знаат и за која живеат: политика на ксенофобија, на омраза, на нетрпеливост, тоа е политика со која Европа и конечно целиот свет се надева дека се искорени, после ужасите и злата кои ги донесе фашизмот во Втората светска војна.

ВМРО во тој дух се надева на најдоброто што отсекогаш знаела да го понуди: дека секоја друга национална припадност поинаква од нивната, како и различната религија од нивната ќе бидат искоренети од светот, за да остане на сила само македонската, православната, чистата, негибната од поинаквите од нив.

ВМРО смета дека со право се надева- дека погромот, холокаустот, геноцидот, чистењето на еден народ, како што беше случајот со Евреите, повторно ќе го врати на сцена, на голема врата, со истите жолти ленти со кои сега ќе ги кити бегалците, за да се издвојат, за да маршираат во колоните на смртта, зошто само смртта им преостанува на овие луѓе, заради болните и опасни фантазии на ВМРО.

ВМРО смета дека ова е само нивна земја по која само тие смеат да одат, тоа е воздухот кој само нив им припаѓа да го дишат, тоа е светот кој само ним им е дозволено да престојуваат и никому повеќе. Притоа, ВМРО заборава на историјата на егејските бегалци, на голготата која без солидарност и емпатија од други земји ќе завршела со трагични последици.

И што да се понуди на партијата на Груевски после сето ова- она што и е сега потребно и неопходно е хуманитарна помош, само тоа може да им се додели- многу бодликави жици, тони бодликави жици за спас од измислените бегалци со кои бесрамно ги плашат гласачите дека ќе им ги окупираат домовите и животите.

Нека се замотаат со овие жици како палестински самоубијци, нека пуштат струја да тече по нив, нека не дозволат никој да им се приближи, никој да не ги допре, нека се изврзат со тие нивни бодликави жици, нека се заштитат од сите надворешни непријатели, од сите бегалци, од сите туѓинци, сите странци, сите непознати за нив, оние кои не се тие самите.

Оние кои имаат друга татковина, кои не им се радуваат на истите слави, ја немаат истата вера, ниту пак религија, ниту знаат за исто писмо, а ниту молитвите ги говорат на истиот јазик.

Затоа, се надевам дека референдумите на ВМРО против бегалците ќе успеат- ќе ги протераат сите, видливи и невидливи непријатели, оние кои не се нивна крв, нивен род, оние кои не се македонски матки, тие се веќе пребројани, таму никој не смее да се замеша.

На списокот на ВМРО се сите оние кои не припаѓаат сега никаде, затоа што се истерани од сопствената земја, затоа што војната им ги опустошила домовите, семејствата, животот.

Тогаш кога ќе протера ВМРО се што не е нивно, се надева на следниот помор- оној што не му успеа на Груевски, на фамилијата, на нивните приврзаници- но за нив тоа не значи дека сега е касно. Да не протераат нас, да не снема, да исчезнеме од оваа земја, затоа што само така можеа да владеат.

Исто така сега може да се владее и во Мјанмар, каде муслиманското малцинство Рохинга е прогонувано од безбедносните сили и стотици илјади луѓе се протерани и во бегство, ако не завршиле во меѓувреме во логорите на смртта. За тоа време, нобеловката Аунг Сан Су Кју го одбра молкот и со тоа не само гневот на светот, туку и најстрашното, срамот. Токму заради тоа, светот е единствен во повиците да и се одземе Нобеловата награда и да заврши онаму каде што таа навистина припаѓа- во буништето на историјата.

Ќе поминат децении, векови, ќе се распарчи светот, ќе исчезне човештвото, барем вакво какво што го знаеме, и тоа ќе биде најдобриот епилог, најисправното решение. Затоа што тогаш, со некој нов Биг Бенг, ќе се создаде нова цивилизација, нов свет, нов поредок- секако дека ќе мора да биде поправеден, почовечен, поскромен- ако ништо друго, ќе ги нема на сцена оние кои ја имале моќта и силата и ги користеле да се изживуваат и да ги тераат на страдање оние кои заслужувале да живеат, наместо оние кои ги угнетувале.

Во тој нов свет и нов поредок, сите ќе бидат еднакви и слободни, зборот бегалци ќе биде исфрлен од употреба, во тој свет ќе го нема и ова ВМРО, кое ги заплашува луѓето со некои други луѓе, претставувајќи им ги како нелуѓе, како да ќе им ги земат домовите, семејствата, работата и животот и заради тоа морат да бидат прогонувани, исфрлени, елиминирани.

Во тој свет вакви текстови никој нема да пишува, затоа што нема да има зошто да се предупредува за ксенофобија, омраза и насилство, тоа ќе бидат непознати категории, нешто што ќе се учи само во училиштата, како предупредување никогаш да не се случи повторно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.