Место да собираат предизборни поени, да се собереа и да засукаа ракавите да се реши гасната комора Скопје? А ние скопјани толку сме шашардисани веќе, што овој суштински момент на незаинтересираност од страна на градочалниците на скопските општини, воопшто не го забележавме.
Весна Костовска
Ако сте вознемирени од пожарите во Скопје, отворете ја официјалната фејсбук-страница на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојковски, и уживајте…
Како Општината да не е во Скопје. Сè е така прекрасно, светло, свечено …
Н И Е Д Н А објава за пожарите …
Понекогаш посакувам и јас такви очила како неговите, што розово гледаат.
Ах да… сега ја погледнав и страницата на Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, исто весело, разиграно … со мерак да си мижиш и да си свиркаш, до последниот претсмртен здив…
Кај Орцета, од Кисела Вода, кандидатот за градоначалник на Скопје, пред 10 минути коооонечно објава за загриженост…
Продолжете ја низата…
Продолжувам и ми се повраќа, сите се далдисани по локалниве:
Стефчо од Карпош, Дарко Костовски од Бутел, Курто Дудуш од Шуто Оризари, Иљас Весели од Сарај, Изет Меџити од Чаир.
Бобан Стефковски од Гази Баба, има објава за пожар во Раштак и за пожарот во Трубарево што се дел од неговата општина.
На официјалната страница на Општина Аеродром исто весело. На профилот на Дејан Митески, в.д. градоначалник на Општината, вчера има објава за Вардариште.
ЗНАЧИ! Градоначалниците на општините во Скопје, каде што нема пожари, далдисани по локалните избори, НЕМААТ СТАВ за она што е загрозувачко за цело Скопје. Секој си гледа во своето дворче. Типичен македонски менталитет!
Место да собираат предизборни поени, да се собереа и да засукаа ракавите да се реши гасната комора Скопје? А ние скопјани толку сме шашардисани веќе, што овој суштински момент на незаинтересираност од страна на градочалниците на скопските општини, воопшто не го забележавме.
Данела, сосема ја заборавив… .
Сега ќе проверам! НИШТО. Данела лавицата молчи. И на официјалната страница на Град Скопје НИШТО!
Политичариве имаат неизлечива болест! Желба за власт! Ќе нè запалат, само да владеат.
Од Фејсбук ѕидот на авторката