Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

0
By Zoran Ivanov on September 15, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 15, 2025 20:22

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за оддавање заедничко сеќавање за загинатите по повод шест месеци од трагедија во кочанската дискотека „Пулс“, соопштија на социјалните мрежи активистите од иницијативата „Кој е следен?“ и младите од Студентското пленумско движење.

Од „Кој е следен?“ на социјалната мрежа Инстаграм за утре во 21:16 часот повикаа на тивок собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Не беше несреќа, не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да се откажеме од борбата за вистината. Кога ќе се соочиме со неправда, да проговориме. Сите треба да истапиме и да бидеме одговорни, на свој начин. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани, пишува на повикот за собирот од иницијативата.

Студентското пленумско движење повика со ѕведено небо и молк да се оддаде почит на загинатите млади животи.

„Кој е следен“ два дена по несреќата, на 18 март, го одржа првиот протестен собир во главниот град, а протестни маршови имаше во текот на целиот месец. Во мај со герила-акција пред Јавното обвинителство во Скопје го одбележаа вториот месец од несреќата.

Поддршка со присуство имаа и на „Маршот на ангелите“ во Кочани, на кој секоја сабота родителите и членовите на семејствата на загинатите бараат правда и одговорност за несреќата.

За потсетување, на 18 август од Основниот кривичен суд Скопје, кој со одлука на Врховниот суд, ја презеде надлежноста за предметот обвинението за пожарот во  кабаре „Пулс“ во Кочани сè уште не е оценето од Советот за оцена на обвинителен акт, бидејќи станува збор за обемен предмет за кој и понатаму течат роковите во рамките на оваа постапка.

 

Кочани месеци Скопје Трагедија шест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.