Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе ти дадат еден денар, а ќе ти земат пет

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека трае дебатата за и против линеарното зголемување на пензиите, на најголемиот дел од граѓаните што живеат од нив им е јасно дека со поскапувањето на водата, на струјата и на парното, веќе е изедена една половина од илјадарката што власта така великодушно им ја даде пред изборите. 

Соња Кириџиевска

Тешките зборови, математиките, но и уверувањата дека пред изборите власта направила несоодветен упад во работењето на Фондот за ПИОМ, отворија простор за дилеми кај стотиците илјади сениори, кои не знаат кому да веруваат. Прашањата што деновиве се поставуваат се: колку е навистина тешка ситуацијата во пензиската каса, дали ќе има доволно средства за идните исплати и дали линеарното зголемување од 1.000 денари повредува нечие уставно право? Во меѓувреме, додека се очекува Уставниот суд да се произнесе, премиерот Мицкоски внесе забуна со изјавата дека законската одредба за линеарното зголемување е веќе укината и дека очекува веќе од наредниот месец 70 отсто од пензионерите да добиваат помалку пари отколку со линеарното зголемување.

За да биде појасно, треба да се вратиме неколку месеци наназад и да потсетиме дека во текот на летните месеци, власта што претходно јавно се двоумеше каков модел ќе избере за евентуалното зголемување на пензиите, кое според законот требаше да се случи во септември, речиси и воопшто не го земаше предвид линеарното. Пресвртот се случи некаде во јули, кога одеднаш почнаа да се појавуваат изјави од типот дека го „слушаат гласот на пензионерите“ и дека ќе им излезат во пресрет. Така, на само еден месец пред изборите до Собранието беше доставен предлогот за дополнителната илјадарка сега и уште една во март догодина. Економистите тогаш се спротивставија на ваквата теза, искажувајќи дека помагањето на пензионерите со најниски примања, треба да се врши на друг начин без да се дерогира пензискиот систем. Во земјава има повеќе од 344 илјади пензионери, но најголемиот дел од нив се под просекот, додека највисоките пензии се над 88 илјади денари, но нив ги примаат малкумина.

И без одлуката на Уставниот суд јасно е дека сите досегашни предизборни зголемувања на пензиите, го продлабочуваат дефицитот на Фондот за ПИОМ, наметнувајќи го прашањето има ли тој кондиција за вакви лупинзи? Треба да е јасно дека голем дел од расходите за пензии, всушност ги покриваат плаќачите на даноци од кои дел во иднина можеби и нема да бидат под капата на Фондот, нотираа експертите. Уделот на буџетските дотации расте со години и се приближува до 50 проценти (најдраматично беше во 2017 година кога изнесуваше 46,3 проценти).

Но, луѓето што со децении издвојувале дел од своите плати за да имаат достоинствен живот во староста сега во голема мера се соочуваат со дилемата да купат храна, лекови или да платат сметки!? Затоа и го одбираат „најприоритетниот“ од сите приоритети. Најголемиот дел од нив се сепак свесни дека и кога ќе им дадат 1 денар повеќе, ќе им земат дополнителни пет. Оттука, додека трае дебатата за и против линеарното зголемување од 1.000 денари, најголемиот дел од нив се свесни дека половина од таа сума веќе е „изедена“. Изборите поминаа и данокот треба да се плати, струјата ќе поскапи, парното исто така, а на почетокот на есента беше зголемена и цената на водата во Скопје. И без оглед на фактот што властите се правдаат дека поскапувањата ќе се движат околу 5 отсто, сите забораваат да споменат дека на тие зголемени суми треба да се додаде ДДВ од 18 проценти. А тоа не се добри вести за никого, а не па за пензионерите.

Што ќе се случува и каква ќе биде судбината на линеарното покачување на пензиите, ќе се знае наскоро. Но, она што ги мачи илјадниците пензионери се идните чекори по кои ќе се движи пензискиот систем, кои се прилично неизвесни ако не се случи поместување на старосната граница, но и на пензискиот придонес. Пензијата е резултат на годините на стаж на секој поединец и на платите. Животниот стандард на пензионерите мора да се задржи, но начинот на кој тоа се прави не смее да предизвикува други дополнителни потреси. На повозрасните луѓе им треба сигурност, бидејќи дел од нив се оставени сами на себе, додека нивните потомци талкаат по белиот свет. Па наместо да уживаат во „третото доба“, најголемиот дел од нив го поминуваат времето броејќи ги деновите до следната пензија, која и покрај евентуалното зголемување ќе им биде изедена од инфлацијата.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

колумна соња кираџиевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
ФОКУС

Ушаков: Разговорот меѓу Путин и Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен

ВЕСТИ December 3, 2025

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, беше корисен,…

Уставната судијка Дабовиќ-Атанасовска се повлече, вели дека оставката е од лични и семејни причини

December 2, 2025

Уапсена бившата шефица на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, обвинета е за финансиска измама

December 2, 2025

САД не гледаат потреба Рубио да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

December 2, 2025
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.