Јане Ѓорѓиоски: Проблемот со „мигрантите“ што Велика Британија би ги испраќала во Македонија не е во тоа дека се мигранти, туку во фактот дека станува збор за лица кои британските институции веќе ги оцениле како неподобни за азил од различни, прецизно наведени причини.
Британските медиуми јасно пишуваат дека дел од тие случаи се поврзани со нерешен правен статус, сомнежи, безбедносни процени или претходни прекршоци, што ја става Британија во ситуација да не смее да ги прифати кај себе, а од друга страна не може да ги депортира во земјите од кои избегале. Причината е што тие земји се сметаат за небезбедни, па присилната депортација би носела правни последици за Лондон.
Со други зборови, се бара „компромисно решение“ – а тој компромис го наоѓаат во договор со нашата влада. Влада која гласно се прогласува за патриотска и конзервативна, но очигледно нема проблем да прифати лица кои една далеку посилна држава не смее да ги прими кај себе, ниту да ги депортира. Наместо Британија да го преземе товарот на своите сопствени процени, товарот се префрла кај нас и за тоа се добива кредит од 6 милијарди. Значи не 6 милијарди пари, туку кредит од 6 милијарди што народот треба да го враќа.
И токму тоа е суштината на проблемот: Македонија не треба да биде одредиште за лица што другите земји ги сметаат за ризични или за кои самите процениле дека немаат право на престој поради конкретни причини. Отвореност кон мигранти е едно; прифаќање луѓе што други земји ги одбиле поради безбедносни или правни причини – сосема друго.
Извор: Фејсбук



