НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јадро на спасот

0
By Marija Todorovska on August 12, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ги поздравувам принципиелните ставови на Калина Малеска, на Зоран Иванов, на Ѕвездан Георгиевски, Никола Гелевски, на Искра Гешовска и на многу други луѓе кои станаа против тоа критичката мисла за се, а особено за големите имиња на македонската култура, да се смета за антимакедонизам, значи против сакрализацијата на некои имиња и статусот на недопирливост, со заложба за слобода на мислата. Се разбира ако и кога мисла има. Оти слободата за која и јас и тие се залагаме не е слобода без граници, слобода на безумието. За да може некој да каже “јас” во дебата од овој тип мора да има покритие. Не може секој во јавниот простор да каже “јас”.

Бранко Тричковски

Гомбрович се плашел дека многумина од градителите на нова Полска-на личен план, духовно и интелектуално- се puree, кашичка или компот.

И јас се плашам.

Но, не од тоа дека градителите на вморонска Македонија се духовна и интелектуална кашичка или компот, во таков формат тие би биле премија за Македонија, туку од тоа дека се чиста помија.

Таа помија ја нацицува Македонија, значи и левата и десната половина и центарот, секое ќоше, и ја прави структурно невозможна.

Магариња се на пат да станат хирурзи откако веќе станаа професори на универзитетите, министри, градоначалници, директори со милионски буџети!

Тие се островца од маснотија во македонската помија.

Изложена на такви ментални колувијални процеси, земјата се претвора во огромно слечиште кое ќе урне се, независно од тоа дали некој од власта тоа го сака или не.

Тие ги поставија основите на закономерниот крај. Како што климатските промени ја водат Земјата во планетарна катастрофа која повеќе не зависи од никого.

Дивоградбите во Чаир, вилата во која летува премиерот, “јахтата” на која се сончаат Филипче и Заев, или карактерот на воениот конфликт од 2001, се легитимни, но во моментот, пред се, алибични теми кои извираат од мекоќата на Македонецот и неговата немоќ да расправа за слечиштето.

Или ако расправа тоа го прави низ призмата на фаталноста, божјата воља, како нешто што е аспект на нашата судбина, демек не не бива итн. Општеството се однесува како киднапиран субјект на кого пред камерите му изнудуваат признание дека ја заслужува смртната казна.

Јас ги знам скромните потенцијали на Македонецот. Главните ограничувања му доаѓаат од јазикот и општата, посебно фамилијарната култура, воспитување, морал, вредносните системи. Капацитети кои добија нови димензии во времето на општата корупција и партизација.

Па, сепак…

Ме охрабруваат реакциите на мојата реакција на реакцијата на Венко Андоновски на состојбата во која, наводно, се наоѓа оставштината на Петре Андреевски во селото Слоештица, Демирхисарско.

Во која проблематизирав некои аспекти на творештвото на некои писателски великани. Плус еден коментар за замрзнатото лице на дете кое плаче кај Шишков и хендикепот по таа линија да биде добар актер.

Се радувам што конечно е отворен простор за преиспитување на нашето поново културно наследство како важен чин без кој не можеме да воспоставиме вистинска и реална врска ниту со себе ниту со светот. Значи не негирање, далеку од тоа, туку преиспитување, критика, соочување откривање, признание, респект кон времето во кое тие дела се создавани и реален однос кон формирањето на еден светоглед кој во услови на слободниот свет, ќе се покаже како фатален.

Ги поздравувам принципиелните ставови на Калина Малеска, на Зоран Иванов, на Ѕвездан Георгиевски, Никола Гелевски, на Искра Гешовска и на многу други луѓе кои станаа против тоа критичката мисла за се, а особено за големите имиња на македонската култура, да се смета за антимакедонизам, значи против сакрализацијата на некои имиња и статусот на недопирливост, со заложба за слобода на мислата. Се разбира ако и кога мисла има. Оти слободата за која и јас и тие се залагаме не е слобода без граници, слобода на безумието. За да може некој да каже “јас” во дебата од овој тип мора да има покритие. Не може секој во јавниот простор да каже “јас”.

Како што може сега.

Тие и повеќе други пројави и личности се матични клетки за македонското оздравување,

Помијата од дугата страна се покажа како валкана течност која на Петре, на Горан, на Анте, Гане, Шишков гледа како на полиса за осигурување, не од тоа дека свињите ќе ја изедат, туку од тоа дека некој нормален ќе го шутне казанот кој тие го исковале од Петрета и другарите како оклоп за себе и ќе ја истури таа смрдлива маса.

Охрабрен сум од ова јадро (каква коинциденција со Центарот на Искра) чии принципиелни, добронамерни и слободоумни ставови ги тргаат тешките завеси од примитивноста, неукоста, глупоста, грамзивоста, на кои почива власта и широката мрежа од медиумски, олигархиски и други сервиси, вклучувајки тука и дебели пластови од широките народни маси. Подмачкани со лаги и ситна корупција, исплашени до очај и пасивизирани и анестезирани во длабока резигнација со апаратите на медиумската агресија.

Ова може да биде, се надевам, почеток на спасителна преродба, на револуција на духот, на двобој во кој чипираните идиоти не би имале никакви шанси затоа што се немоќни против духот на слободата и знаењето, на критиката и страста, кој излегува од затвореното пише и се шири.

Знам дека ова звучи преоптимистички, но сите големи пресврти почнувале од мали групи праведници, ентузијасти, борци…

Дури и вмро почна така.

Сега, меѓутоа, се во фаза кога со своето делување или неделување ќе ни помогнат да го санираме слечиштето пред се така што ќе го олабавиме притисокот на просташтвото врз теренот што се лизга во пропаст.

Од Фејсбук ѕидот на авторот 

Бранко Тричковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.