Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

0
By Zoran Ivanov on October 23, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 23, 2025 11:12

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје е во рацете на Советот на градот и управниот одбор, кои, како што наведува, се составени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

Таа наведе дека според законот, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го основа Советот на Град Скопје, кој одлучува за сите согласности и оперативни планови. Управниот одбор, кој управува со претпријатието, е составен од членови на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, а неговата претседателка – како што посочува Арсовска – е „осудена за две кривични дела и наградена со советничко место во општина Бутел“.

Во објавата се наведува и дека Советот не презел мерки за да обезбеди нормално работење на претпријатието, ниту пак ги разрешил управниот и надзорниот одбор, иако, според Арсовска, тоа е законска обврска.

Функционирањето на секој директор зависи од одлуките на управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој и да е поставен, е блокиран и зависен од нивните одлуки, појаснува Арсовска.

Во завршницата на соопштението се наведува дека Советот на градот не презел ниту една законска мерка за подобрување на состојбата, а дека целата одговорност за натрупаното ѓубре низ Скопје, според Градот, лежи кај кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

 

Арсовска одговорни смет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.