Жанета Ќосе: Не се залажувајте, тоа што се случи во Куманово не беше изолиран инцидент. Тоа беше симболично, намерно и дозволено. Се ближат избори, а проверената формула пак е пуштена во игра: запали малку национализам, разбуди стари стравови, пренасочи го гневот од реалните проблеми – па ќе собереш аплаузи од трибините. Или гласови.
На натпреварот беа присутни премиерот, министри, функционери, целата државна елита. Слушаа скандирања за „чиста Македонија“ и молчеа. Молчеа додека се навредуваа сограѓани. Молчеа додека се распарчуваше она што остана од довербата меѓу луѓето во оваа држава.
Да беа сериозни, ќе имаше институционална реакција. Полиција. Санкции. Одговорност. Наместо тоа – имаме соопштенија за јавност, бледи осуди и ново изместување на фокусот. Молкот не е неутралност – молкот е соучесништво.
И секој што денес ја релативизира оваа омраза, кој вели „не било страшно“, „била мала група“, е дел од истиот проблем. Зашто знаеме како почнува ова. И знаеме како завршува.
Овој пат, не смее да помине. Не во наше име.
Извор: Фејсбук