Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џабе се крстите!

0
By Zoran Ivanov on April 16, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 16, 2026 07:50

Денес имаме право на религиозна определба, но немаме гаранција за достоинствен живот. Можеш слободно да веруваш, но не можеш слободно да живееш без страв. Можеш да избереш храм, но не можеш да избереш систем што нема да те исцеди до коска.

Ана Василевска

Далеку сте вие од Бог, не поради тоа што не влегувате во храм, туку затоа што не излегувате од сопствената темнина. И џабе фаќате врски, дуповите за МПЦ не се важат. Се важат празните трпези за празник. Се важат лелекот и тишината по трагично згаснатите животи како диретна последица на скапаниот систем. Се важат криците на оние што чекаат здравствена грижа како милост, а не како право.

Комунизмот, како најгласен деклариран противник на „религијата како опиум за народот“, парадоксално, можеби најмногу ѝ се доближи на суштината на божјата проповед. Иронијата тука не е само стилска фигура,  туку,  горчлива констатација. Во општество во кое лагата и кражбата не само што беа санкционирани туку и општествено осудени, каде што идејата да се сака и почитува ближниот не беше цитат туку пракса. Семејството како најмала, но најжилава клетка имаше основа да опстане. Државата обезбедуваше минимум достоинство, а алчноста звучеше како туѓ јазик,   нешто што не се разбира, а камоли да се слави. Тоа беше време кога моралот не се носеше како накит за празници, туку секојдневно, незабележливо, но суштински.

Ако се погледне пошироко, не е ова изолиран парадокс. Во различни историски контексти, од југословенскиот модел на самоуправување, преку скандинавските социјални држави во нивните најсилни децении, па сè до одредени аспекти на источногерманското општество, се провлекува истата нишка: обидот да се институционализира солидарноста. Не затоа што луѓето станале подобри, туку затоа што системот ги терал да бидат помалку сурови еден кон друг. Бесплатното образование, достапното здравство, сигурноста дека утре нема да бидеш исфрлен од сопствениот живот. Тоа беа форми на секуларна милосрдност, некаков вид организирана грижа за „ближниот свој“. Како да се обидело општеството, без да го именува Бог, да ги практикува неговите наједноставни заповеди: да не оставиш човек гладен, болен и понижен.

Секако, тие системи имаа свои темни страни, свои неправди и свои тишини што не смеат да се романтизираат. Но парадоксот останува: таму каде што религијата беше оттурната на маргините, човекот често беше поставен во центарот. Денес, кога религијата е слободна, гласна и видлива, човекот има најмала шанса.

Денес, овој франкенштајновски спој на фанатизам, национализам и див капитализам, скроен по мерка на олигархијата, личи на тело составено од туѓи делови што одбиваат да функционираат заедно. Систем што чука како како расипан часовник: гласно, нервозно и без чувство за време. Во него, лагата не е грев, туку стратегија. Кражбата не е срам, туку вештина. Алчноста не е порок, туку препорака за успех. Солидарноста се појавува само како договор на интереси, како заедничка маса на која не се дели леб, туку тендери. Емпатијата е сведена на емотикон, а човечноста на коментар под објава. Убијците се претвораат во митови, жртвите во статистика, бројки што не болат никого, освен оние што ги носат како крст без воскресение.

И тука е најсуровата иронија: денес имаме право на религиозна определба, но немаме гаранција за достоинствен живот. Можеш слободно да веруваш, но не можеш слободно да живееш без страв. Можеш да избереш храм, но не можеш да избереш систем што нема да те исцеди до коска. Како верата да е дозволена како утеха, но не и како коректив,  како приватна работа на душата, но не и јавен принцип на праведност. Бог е оставен да биде симбол, додека пазарот станува догма.

А црквата? Наместо да биде глас на совеста, таа често личи на ехо на моќта. Во кохезија и дослух со истите тие што деновиве ќе ги гледаме како фарбаат јајца со раце што не знаат за покајание, ќе се крстат со чело што не памети срам и ќе палат свеќи како да можат да ја осветлат темнината што сами ја создаваат. Ќе лепат статуси, ќе собираат лајкови, ќе го глумат богобојазливиот лик во дигитален иконостас, каде што верата се мери во реакции, а не во дела.

Далеку сте вие од Бог, не поради тоа што не влегувате во храм, туку затоа што не излегувате од сопствената темнина. И џабе фаќате врски, дуповите за МПЦ не се важат. Се важат празните трпези за празник. Се важат лелекот и тишината по трагично згаснатите животи како диретна последица на скапаниот систем. Се важат криците на оние што чекаат здравствена грижа како милост, а не како право.

Бог, ако веќе го барате, не е во редицата за причест додека се сликате, туку во редицата за леб, во преполните ходници на Онкологија, во солзите на оние кои не можат да си ја обаснат неправдата … . Не е во восокот што гори, туку во раката што подава. Не е во зборот „амин“, туку во тишината по него, таму каде што или ќе направиш нешто човечко, или ништо од сето тоа не се важи.

Честит Велигден, за многу години!

Текстот е сопственост на 0нулта.мк

Ана Василевска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.