Љубомир Костовски: На денот на шампањизирањето на владеењето на Мицкоски и нему наклонетата олигархија, да речеме како совпаѓање, беа посебно видливи оризо-производителите кои изразија масовно незадоволство, додека ја жнееја својата култура. Некогаш тоа беше ритуал на среќата, придружен со многу изблици на задоволство. Денес тоа не е случај.
И парадокс: овие земјоделци инаку се значајна средина која беше огнен противник на претходните влади, посебно оние формирани после летото 2017 година, и тоа во било кое временско доба и по било каков повод. Иако во последните седум години токму земјоделието доживеа планско средување во сите области, благодарејќи на агилниот министер во претходната влада Љупчо Николовски, токму оние кои живеат од аграрот речиси комплетно го предадоа сиот труд што беше вреден да се поздрави изостана во други раце. Линк