Денеска се одбележува 100- годишнина од Букурешкиот договор, со кој по Балканските војни Македонија беше поделена.
Групата „Македонски манифест“вчера на плоштадот „Македонија“ го запали Букурешкиот договор.
-Утре се навршуваат 100 години од Букурешкиот мировен договор кој, иако привремено им става крај на Балканските војни, за нас, Македонците, е најголемата историска неправда, зашто ја официјализира поделбата на Македонија меѓу соседите Грција, Бугарија и Србија. Распарчувањето на Македонија се случува под патронат на големите сили“, изјави еден од иницијаторите Александар Русјаков, режисер и писател.
Со ова палење, групата Македонски манифест ја изразува ништовноста на тој акт за Република Македонија и истовремено го крева гласот против скриените обиди и отворените притисоци на меѓународната заедница да ја повампири историјата за да се продолжи геноцидот врз Македонците.
-Го запаливме кобниот Букурешки договор како ништовен за нас и како порака до сите што сакаат на најперфиден начин да не ликвидираат дека не се сме заспани, туку дека сме будни пред злото што тропна на нашата врата и дека ќе му се спротивставиме со сите возможни средства…. Денес Европа го поддржува фашистичкиот концепт на Грција и на нејзината „Златна зора“ што произведува геноциден мрак.
Таа ги затвора очите пред тој фашистички налет затоа што можеби сака да го сокрие фашизмот во сопствениот двор. Но до кога?… Ние, групата Македонски манифест под мотото Името е нашата татковина го повикуваме македонскиот народ на единство и натпартиска слога и свест. Го повикуваме да се разбуди и цврсто да застане во исконот на својот идентитет, да се побуни против неговата изолација од срамните преговори за Името и да им каже НЕ на сите што прават сметка во крчма без него…
Нашата порака со палењето на кобниот Букурешки договор е упатена до сите моќници што сакаат да не уништат. Нe се предавме!“, рече Клетников.
Сепак, екс-претседателот на Парламентот, Стојан Aндов, има поинаков став од групата Македонски Манифест- тој за најновиот Фокус изјави: Барањата да не важи веќе Букурешкиот договор ги поддржуваат блиски луѓе до Владата, а имам впечаток и премиерот. Тоа ли е патриотизам?! Ако го нема Букурешкиот договор, ќе ја нема и Македонија, пишува Андов во својата неделна колумна во Фокус.