Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА: Азески го промовираше ТИМ 40, нова иновативна и креативна асоцијација во комората

0
By Mirjana on March 20, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

КОМОРА НА ИДНИНАТА – МЕСТО ЗА НОВИТЕ БИЗНИС-ЛИДЕРИ И МОДЕРНИ ПРАКТИКИ

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Иако стара според годините на постоење – 100 години – Стопанската комора е исклучително млада и жилава кога станува збор за креирање активности за потребите на компаниите, кои од ден на ден се менуваат во зависност од нивните приоритети и од моменталните барања на пазарот, но и од актуелните случувања на глобален економски план (корона-кризата, економската криза, финансиската криза, скапите суровини и енергенси, како и воениот руско-украински конфликт, кои ги билдаат цените на суровините на светските берзи и доведуваат и до недостиг од суровини, енергенси и сл.). Комората ги препозна тие сигнали навреме и го воспостави концептот на иднината за забрзан економски развој на државата, модел замислен уште во 2010 година. Услови за негово целосно активирање беа создадени во 2016 година, со трансформација на внатрешните процеси, а во 2021 година, во екот на здравствено-економската криза, стана функционален и понуди нова, подинамична и современа комора, ориентирана кон иднината, во која дигитализацијата, напредните технологии и иновациите се основата на стопанскиот развој на државата.

За таа цел, и Советот за напредни технологии, како еден од четирите столба што се ставаат во функција на потребите на бизнисот, во интерес на поттикнување на техничко-технолошкиот развој и унапредување на квалитетот на производството и на услугите  поврзани со иновации и со напредна технологија, како и со примена на стандарди и на добри деловни практики во работењето, на средината на јуни годинава (како дел од активностите за одбележување на 100-годишнината од постоењето на Комората) ќе ја реализира Годишната конференција, со акцент врз три сегменти: промоција на мерките поврзани со напредните технологии, промоција на компаниите кои користат напредни технологии и промоција на Комората како субјект кој ги поврзува и ги развива онака како што е предвидено во стратешкиот коморски документ.

Визионерското размислување и следењето на светските текови и трендови Комората ги потврди и со Наградата за дигитален шампион за 2021 година од Светската трговска организација (WTO), Мeѓународната стопанска комора (ICC) и од Меѓународниот центар за трговија (ITC) за Проектот „Платформа за дигитализација на процесите и издавање е-документи“, потребни на компаниите во надворешно-трговското работење, како уште една во низата награди кои ги потврдуваат инцијативноста и креативноста на Стопанската комора повеќе од 15 години наназад. Во 2006 година добивме Награда
за најдобар портал во рамките на EUROCHAMBER. Во 2013 година бевме прогласени за најдобра комора во регионот. Во 2019 година „Медиа солушн“ ни додели Награда за портал на годината. Значи тоа е еден континуиран процес.

Комората на иднината го продолжува континуитетот на дигитализација. Советот за напредни технологии добива партнер во развивањето на процесот, т.н.ТИМ 40, новата форма на здружување во Комората, чиј претседател во следните 4 години ќе биде  Жарко Димитриоски од маркетинг агенцијата „Еден на еден“.

ТИМ 40 ќе работи на тоа да ги обедини младите претприемачи и преку новите трендови и практики, во условите во кои функционираат помладите генерации со различна перспектива на гледање на работите, да внесе свежина и нови трендови на менаџирање и на дејствување, заради изнаоѓање решенија и заради следење успешни практики. „Еден на еден“, „Директ медија“, „Вертиго“, „ИВМ нетворк“, „Фригоколд“, „Тиго“, „Кликни-јади“ и „Точка“ дополнително ќе придонесат во развојот и во промоцијата на претприемачкиот дух, како еден од клучните двигатели за иден економски развој.

ТИМ 40 ги има мојата поддршка и поддршката на Комората бидејќи и политиката на најстарата и најмоќна бизнис-асоцијација, во годината во која слави 100 години постоење, покажува и докажува дека само со афирмирање и со приклучување на помладите генерации, со нивната иновативност и креативност, има потенцијал да се внесат свежина и нови трендови на менаџирање и на дејствување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стопанска комора на Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.