Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

11 фестивал на Новиот германски филм (Ich liebe film)

0
By Нова ТВ on October 7, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под мотото „Сакам филм“ (Ich liebe Film), Амбасадата на Германија и ПроКредит Банка го претставуваат 11. издание на Фестивалот на новиот германски филм, а ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции, од минатата и од оваа година, во десет македонски града.

На 14.10.2015, во 19 часот во кино „Милениум“ од страна на германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер и претставници од ПроКредит Банка ќе биде одржан прием со коктел.

Во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Роден во болка“, невообичаен трилер од исклучително популарната тв-серија во Германија „Место на настанот“, која се снима уште од 1970 година.

Со речиси 1000 епизоди и 9 до 10 милиони гледачи по продолжение, серијата во меѓувреме достигна култен статус. Поентата е дека речиси секој голем германски град си има своја екипа за крим техника. „Роден во болка“ е снимен во Хесен и има добиено повеќе филмски награди.

Во рамки на филмскиот фестивал од 15. до 18.10.2015 г., во киното „Фросина“ во МКЦ ќе бидат прикажани уште девет други филма: комедии, драми, еден историски филм и два детски филма.

Како и претходните години, некои од филмовите ќе одат на турнеја уште во девет други града низ Македонија.

Почеток на турнејата е веќе од утре во Прилеп, а потоа следат Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Штип и Струмица.

Сите филмови може да се видат во оригинал на германски јазик, со македонски поднаслови (во Тетово албански).

Изборот прикажува пресек на широката палета на германската кинематографија, поддржана со јавни средства. Сите филмови имаат добиено награди.

Историскиот филм „Љубените сестри“ (станува збор за Фридрих Шилер) е номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар странски филм“.

Дејствијата се одвиваат во Германија – но пораките се универзални и разбирливи за сите гледачи.

„И годинава нѝ успеа да ја прикажеме разноликоста на германската кинематографија на македонските киноекрани – со теми кои се важни за секого. Повторно се радуваме на големиот број гледачи!“, вели амбасадорката Алтхаузер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.