Во вчерашните антивладини демонстрации во Софија повредени се 11 лица, вклучувајќи и шест демостранти, кога дошло до судир со полицијата.
Пет полицајци и шест демонстранти се повредени, но никој не е сериозно ранет, изјави шефот на полицијата во Софија, Валери Јорданов.
Поради уништувањето на зградите и возилата, во полициски притвор се приведени 11 лица.
Околу 2000 луѓе протестираа вчера пред бугарскиот парламент во центарот на Софија, извикувајќи „Мафија“, „Оставка“ и „Ќе биде секој ден исто, додека не победиме“.
Демонстрациите во градот прераснаа во насилство кога дојде до судир помеѓу полицијата и демонстрантиите, кои фрлаа камења врз зградата на парламентот и скршија неколку прозорци.
Во протестот кој започна минатата недела, се зголемува бројот на незадоволните граѓани кои тврдат дека сметките за електрична енергија ги надминаа вистинските цени за потрошена енергија, од околу 120 проценти.
Потпретседателот на бугарската влада и министерот за финансии, Симеон Ѓанков вчера поднесе оставка која се доведува во директна врска со масовното незадоволството на улиците.