Единаесет лица загинаа во самоубиствен напад пред зградата на регионалниот совет во Пул е Хумри во Авганистан, каде е убиен претседателот на советот на провинцијата и тројца припадници на неговото обезбедување.
Бомбашот го детонирал експлозивот пред влезот на зградата на провинциската влада, во моментот кога претседателот на советот и неговите телохранители влегувале во зградата.
Расул и порано добивал смртни закани, јавуваат тамошните медиуми.
За време на самоубиствениот напад ранети се најмалку 50 лица.