Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Tетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно државјанки кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, најчесто во угостителски објекти, во изминатите девет месеци од годинава биле затекнати вкупно 124 странски државјанки, најмногу од Република Албанија (55), Република Србија (26), Русија (20), Украина (10) и од уште седум други европски држави, од соседството и пошироко, информира полицијата.
Од затекнатите, 58 женски лица- странски државјанки или го немале законски регулирано нивниот престој или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле претходно пријавениот туристички престој, со што постапиле спротивно на Законот за странци. Поради тоа, СВР Тетово во овој период изготвил 13 барања за поведување на прекршочна постапка против 58-те странски државјанки до Основните судови во Тетово и Гостивар.