Првпат по повеќе децении, државните службеници во Грција може да добијат отказ, пишува Дојче Веле.
Парламентот во Атина го усвои синоќа законот кој тоа го овозможува, а според кој до крајот на 2014 година ќе заминат околу 15 илјади државни службеници. Освен тоа, се воведува и нов данок на имот.
Усвојувањето на пакетот мерки за штедење е предуслов за исплата на следната транша на меѓународна финансиска помош за Грција во висина од вкупно 8,8 милијарди евра. За новото стегање на ременот гласаа 168 пратеници во грчкиот парламент, кој брои вкупно 300 мандати. Против биле 123 пратеници, а само еден воздржан.