Денес се регистрирани 111 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, пд направени 1529 тестови, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 195.002, информираат од Министерството за здравство.
Оздравени се 165 пациенти, во изминативе 24 часа а пријавени се 15 починати лица.
Од новодијагностицираните во Скопје се 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебарви едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002 бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.