Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите на 17. фестивал на европскиот филм Синедејс

0
By Нова ТВ on November 19, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Еј“ на Васил Христов во киното Милениум е затворен 17-от Меѓународен фестивал за европски филм „Cinedeys“.

-Со задоволство ја спуштаме завесата на годинешниов „Cinedeys“, за прв пат како фестивал со акредитација од Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF), со која застануваме рамо до рамо со големите фестивали во Кан, Берлин, Сан Себастијан, Венеција и Торонто. FIAPF во „Cinedeys“ препозна фестивал кој има одлична селекција на филмови, квалитетни програми, полни кино сали, фестивалсска атмосфера со која се приближуваме на европскиот филмски шмек. Или во бројки, 17-тото издание го погледнаа повеќе од 18 000 гледачи, имавме 200 странски гости, а вестите за фестивалот покрај домашните новинари ги пренесуваа и десетина акредитирани новинари од регионот, рече Русе Арсов директор на Младинскиот културен центар.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше меѓународна жири комисија која ги додели следниве награди:

Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Само на мојата свадба“од Марта Бергман, Белгија.

Награда „Сребрана ѕвезда“ за најдобра режија за филмот „Кога дрвјата паѓаат“ во режија на Марисја Никитиук, Украина.

Награда  „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е за Стефан Лукас, сценарист и режисер на филмот  „Полицајци“ Австрија.

Специјално признание за филмот „Ана преку ден“ на Андреа Хауриета, Шпанија.

Во селекцијата СинеБалкан награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби  филмот „Брак“ во режија на Блерта Зекири, Косово.

Специјално признание за филмот „Мрзливец“ во режија на Алекса Стефан Радуловиќ, Црна Гора.

Награда за Најдобра филмска критика на Вероника Камчевска за рецензијата на филмот „Не допирај ме“ од Адина Пинтилие.

Награда за Најдобар студентски филм за филмот „Возење. Поема за татко ми“ во режија на Ирена Гатеј од Универзитетот Нова Горица, Словенија.

Награда Young Cinema Award од жирито на Џифони филм фестивал за филмот „Арада“, на Му Тунч, Турција.

Филмот „Еј“ на Васил Христов од четврток е на редовен репертоар на кино Милениум.

Синедејс 2018
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.