196 нови случаи на Ковид-19 биле регистрирани во последните 24 часа, информира Институтот за јавно здравје.
Направени се 2.067 тестови, а регистрирани се 38 реинфекции.
Во последното деноноќие починал 81-годишен битолчанец.
Регистрирани сe 23 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати е 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985.