Скопје: Гласање на претседателските избори 2024 година, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, ќе се спроведе во 31 дипломатско – конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии на Северна Македонија во странство.
Државната изборна комисија објави дека гласање ќе има во Абу Даби, пријавени се 26 македонски државјани, во Белград 31, Берлин 260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел 93, Вашингтон 34, Венеција 79, Виена 123, Детроит 34, Загреб 87, Канбера 31, Копехаген 74, Лондон 87, Љубљана 332, Минхен 66, Мелбурн 64, Њујорк 85, Осло 41, Париз 44, Прага 52, Рим 30, Стокхолм 85,Торонто 117, Хаг 65, Чикаго 88, Анкара 18, Варшава 23, Мадрид 18, Пекинг- 2 и Софија 22.