Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

20 години делузија

0
By Marija Todorovska on October 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
И после 3 години во “чекалната на ЕУ”, со отпочнати преговори и успешно поминат скрининг, и со демистифицирањето на “одбраната на идентитетот”, како последно можно алиби за непостапување и реализирање на обврските; дали “чекањето” е исцрпена можност како параван на (вистинските) намери, сите овие години? А, ако веќе не може “да чекаме”, дали некој сака “да се вратиме”?

Никица Корубин
Чекајќи го извештајот на ЕУ, и особено добропознатата констатација дека “20 години сме во чекалната на ЕУ”, да се потсетиме како го започнавме патот и како ги потрошивме тие 20 години. Апликацијата од наша страна е подадена во 2004 година, 9 години после Времената спогодба под покровителство на Обединетите нации, за спорот со Грција, која требала да биде финализирана со конечен договор, најдоцна 2 години порано. А, 2 години порано, единствено што сме финализирале, во смисла на стратешки и стабилни односи, внатре во општеството и надвор кон соседите; бил само Охридскиот договор, постигнат после внатрешен воен конфликт.
ЕУ го доделува кандидатскиот статус следната 2005 година, откога почнуваме да ги броиме изгубените години, напластувајќи го низ годините самосожалувачкиот патос, паралелно со продолжетокот на избегнувањето на решавањето на клучниот меѓународен договор: договорот со Грција, со кој всушност се финализира нашиот статус како држава во Обединетите нации. И всушност гледајќи низ таа призма, одлуката на ЕУ од 2005 година, за доделување на статус на кандидат на земја која веќе 10 години не успева да го реши клучниот спор, за да се позиционира себе си и своето постоење во меѓународниот правен поредок; е позитивен исклучок и привилегија што сме ја добиле, а не дискриминација.
Па, кога денес, ќе се користи Преспанскиот договор во јавниот дискурс, како добар репер за етапното адаптирање на внатрешниот правен поредок при преговарањето и влезот во ЕУ; доблесно е да се постави прашањето: ако Преспанскиот договор беше клучниот услов, за да може Северна Македонија воопшто да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, зошто “времето на чекање” го мериме од 2005 година, а не од 2019 година? Ирелевантно е што се’ сме правеле и избегнувале да правиме, кога од старт сме биле свесни дека, без договор со Грција и без регулиран статус во Обединетите нации, не сме ни можеле да добиеме датум за почеток на преговорите. И всушност токму таа “свест” дека “вечно ќе преговараме” со префрлање на “вината” на ЕУ, била идеалната посакувана позиција, веќе непостоечка од 2019 година.
И оваа делузија, одржувана во живот, од партиите, медиумите, клановите и партокраријата; е најголемата неправда и “измама” направена кон сопствените граѓани. Всушност, ставајќи го тежиштето на “невозвратената награда, за нашата (непостоечка) жртва”, е класично продолжено и латентно бегство од одговорноста, на сите политички елити, на свесно нерешавање и на меѓународниот статус на државата и на односите со соседите, една од клучните одредници за било која земја кандидат за членство во ЕУ.
И токму ова минирање и саботирање на сегашноста и иднината на државата, се крие зад параванот на “20 години во чекалната на ЕУ”. Всушност, метафората на “чекална” е најдобриот опис, кој може да се даде, за три деценискиот инжињеринг на градење на “митот за жртвата”, која ослободена од сите “одговорности и обврски” единствено што може е да чека. Но, проектирајќи го чувството на жртва врз граѓаните, всушност политичките елити, сакале (и сакаат) тие да бидат перцепирани како “жртва”, како ултимативно алиби за “нечинењето”. И тоа е главната причина за агонијата, наместо ослпбодувањето од делузијата после 2019 година и Преспанскиот договор.
И после 3 години во “чекалната на ЕУ”, со отпочнати преговори и успешно поминат скрининг, и со демистифицирањето на “одбраната на идентитетот”, како последно можно алиби за непостапување и реализирање на обврските; дали “чекањето” е исцрпена можност како параван на (вистинските) намери, сите овие години? А, ако веќе не може “да чекаме”, дали некој сака “да се вратиме”? Судејќи според бруталниот напад врз Охридскиот договор, кој во таа 2005 година, е единствениот договор, кој сме го имале постигнато, за конечно стабилизирање и дефинирање на нашата држава: каде треба да се “вратиме”?
Во светот на делузијата, има и враќање назад и чекање, има и глумење. Ама, во реалноста има само одење напред. Тоа се вика сегашност и иднина. Во име на минатото, кое го поминавме, со вакво самоблокирање, не како жртви, туку како херои. И за тоа “херојство” се дадени жртви на многу лични судбини и животи. За да “се движиме” конечно, а не да “чекаме”. Обврските се познати, промена на уставот веднаш. За конечно да видиме на дело, со отворањето на првите поглавија, како изгледа реализацијата на “грижата” за функционална и европска држава.
Од Фејсбук ѕидот на авторката 
ЕУ Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.