Вчеравечер околу 21часот и 50 минути, на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив.
Настанот се случувал на улица „Борис Кидрич“, каде бил паркиран со неговото патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки.
Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.