Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на Ковид-19.
Регистрирани се 35 реинфекции.
Регистрирани сe 201 оздравен пациент.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, од Скопје (79г) и од Охрид (90г), двете лица се починати во болнички услови.
И двајцата починати имале коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи изнесува 1.534