Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За основни трошоци во јули биле потребни 531 евра

0
By Нова ТВ on August 12, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во јули, за да ги задоволи основните животни потреби, на едно семејство му биле потребни 531 евра – сума во која се вклучени трошоците за храна, за сметки, за превоз, за здравје.

Новите податоци за Минималната синдикална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат минимален раст на трошоците во однос на лани, истиот месец , пренесува неденлната економска анализа на Portalb.mk.

Во јули годинава во споредба со јули 2017 година трошоците на живот, според државната статистика се зголемени за 0,8%.  Просечната нето плата на ниво на државата, според официјалната статистика е во пораст, но и натаму не е доволна за да се подмират основните животни потреби.

Трошоците за храна  и за сметки го тенчат семејниот буџет

Трошоците за исхрана, пијалаци, за превоз, здравје, за домување, за сметки за комуналии се пораст во последните  години, но стагнација е забележана од почетокот на годинава. Вкупно 32 710 денари ( 531,8 евра) биле потребни да се помират основните обврски и потреби во јули. И натаму, најголем дел од семејниот буџет се троши за храна и за сметки, кои заедно имаат удел од 73,45% во потрошувачката кошница. Еве колку пари и за што се трошат месечно според методолошкото мерење на ССМ:

Исхрана и пијалоци   13 574 денари

Домување                  10 409 денари

Хигиена                        2 306 денари

Превоз                         2 408денари

Облека и обувки         2 177 денари

Култура                       1 070  денари

Одржување на здравје 706 денари

Вкупно :  32 710 денари

Ова покажува дека од вкупните трошоци, 23 983 или 390 евра се наменети само за исхрана и за сметки.

Просечна плата од 410 евра – статистика бележи раст

Иако  официјалната државна статистика изминатите месеци регистрира раст на висината на просечната плата во државата, сепак таа сума и натаму не е доволна за да се подмират основните животни трошоци на месечно ниво. Според последните објавени информации, во земјава просечната нето исплатена плата изнесувала 25 270 денари или 411 евра, што значи дека во едно семјество со само еден вработен кој месечно го заработува републичкиот просек на плата, ќе недостасуваат уште 120 евра.

Според  државниот Завод за статистика во мај во споредба со април годинава  реалната нето плата е зголемена за 1,5% додека во мај годинава во споредба со истиот месец во 2018 година, кај реалната нето исплатена просечна плата е регистриран раст за 1,7%.

Висина на плати според дејности(мај 2019 година)  :

Информации и комуникации                       43 431 денари

Финансиски дејности и осигурување          47 385 денари

Рударство, вадење камен                            35 034 денари

Јавна управа, одбрана, соц.осигурување   29 052 денари

Здравствена и социјална заштита               29 122 денари

Транспорт и складирање                             25 428 денари

Преработувачка индустрија                         20 926 денари

Плати пониски од 20 000 денари се исплаќаат во секторите:  земјоделство, шумарство, сервисни дејности со храна, објекти за сместување, административни и помошни дејности .

Цени – инфлација

Раст на просечната плата во пакет со раст на трошоците за живот – според статистиката во јули во однос на јуни трошоците за зголемени за 0,2% додека кај цените на мало е регистриран раст од 1,1%. Позначаен пораст на трошоците од 25,4% е забележан кај авионскиот превоз.

„Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај овошјето за 4.8 %, маслото и маснотиите за 2.1 %, лебот и житата за 1.7 %, другите млечни производи за 0.6%, кај месото, риба, шеќерот, чоколадата и кондиторските  и другите прехранбени производи за 0.2 %. Во јули 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 25.4 %, информатичката опрема за 7.8 %, туристичките пакет-аранжмани за 4.7 %, услугите за сместување за 2.0 %, автомобилите за 1.5 %, велосипедите за 1.3 %, другите медицински производи за 0.7 %, лековите за 0.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.4 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.3%“ – велат од Заводот за статистика.

На пресекот од првото економско полугодие инфлацијата се задржа на ниво од 1,2% а според проекциите годинава стапката на инфлација ќе биде 1,6% додека во следните две години се очекува умерен раст до ниво на просечна инфлација од 1,8%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.