Во судири на североистокот на Нигерија меѓу војската и бунтовниците од исламистичкото движење Боко Харам загинаа 20 исламисти и еден војник.
– Војниците од седмата дивизија на нигериската војска синоќа водеа офанзива во државата Борно од каде се истерани исламистите од Боко Харам, изјави портпаролот на војската.
Боко Харам, што во превод значи „Западното образование е грев“, од 2009 година се бори за посебна, исламска држава во североисточниот дел на Нигерија, каде е воведена вонредна состојба.
Според податоците на организацијата Хјуман рајтс воч, во судирите меѓу припадниците на Боко Харам со владините сили досега загинаа над 3.600 лица.