Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Човек“ на Јовица Ивановски наградена со „Браќа Миладиновци“

0
By Нова ТВ on August 25, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци“, која ја доделува „Струшки вечери на поезијата“. Одлуката едногласно ја донесе жири-комисијата во состав Милован Стефановски, претседател, Лорета Георгиевска – Јаковлева, Тихомир Јанчовски, Лидија Капушевска – Дракулевска и Снежана Стојчевска.

Од петте збирки поезија кои влегоа во потесниот избор, во најтесен избор влегоа книгите „Стан што се распаѓа“ на Биљана Стојановска и „Човек“ на Јовица Ивановски.

„Сепак, преовлада мислењето дека збирката на Јовица Ивановски, со својата кохерентна структура, тематско-мотивски опсег, како и оригиналниот и автентичен израз – од книгите што конкурираа годинава – се издвои како најкомплетно остварување“, појасни Стефановски на пладневната прес-конференција во хотелот „Дрим“ во Струга, која се одржа во рамките на годинашното, 58-мо издание на „Струшки вечери на поезијата“, најстариот светски поетски фестивал што се одржува во континуитет“, констатираат од Комисијата во одлуката.

Наградата „Браќа Миладиновци“ е востановена во 1963 година, како признание за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, и претставува најголемата национална награда за поетско творештво во земјава.

Со оваа награда се имаат закитено најеминентните имиња од поетската сцена Матеја Матевски, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Никола Маџиров и многу други. Националното признание, наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

ВЕСТИ November 4, 2025

И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот…

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.