Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џијан Емин и Дерик Меј ја кренаа публиката на нозе во престижната „Ројал Фестивал Хол“

0
By Нова ТВ on September 2, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашиот маестро Џијан Емин и славниот диџеј Дерик Меј на 29 август одржаа концерт во престижната „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон!

Емин заедно со оркестарот „Сити оф Лондон Синфонија“, настапи како диригент заедно со Дерик Меј, чија успешна соработка трае годиниве наназад на меѓународните сцени. На концертот во Лондон беа изведени композиции на Меј и на Емин, за чија оркестрација се погрижи токму македонскиот истакнат уметник.

-Концертот беше дел од ‘Мелтдаун Фестивал’ чиј куратер е познатиот продуцент Најл Роџерс. Настанот помина прекрасно. Оркестарот беше фантастичен, како и маестралните Сем Лик на соло пијано и Елоиз Вернер која настапи како соло вокал. Звукот, пак, во концертната сала беше извонреден. За првпат во историјата на ‘Ројал Фествал Хол’ се случи еуфорија и публиката стана да танцува. Настапот помина со овации, не викнаа два пати на бис, а критиките по концертот беа мошне позитивни, вели Џијан Емин.

-Многу сум среќен што имавме ваква можност, да одржиме концерт во еден таков, престижен простор во кој настапуваат светски имиња, диригенти, оркестри, солисти. Меѓу публиката имаше многу ѕвезди кои јас како дете, на пример, сум ги гледал на ТВ и тоа даде дополнително задоволство. Едноставно, ова беше еден од најважните концерти кои досега сум ги одржал, вели македонскиот уметник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.