Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

22 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

0
By Zoran Ivanov on February 26, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 26, 2026 11:16

Пред дваесет и две години на 26 февруари во Ротимље близу Мостар во авионска несреќа животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље Босна и Херцеговина.

Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски во Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во Струмица.

Претседателот Борис Трајковски загина на денешен ден во 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Владиниот авион „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26. февруари 2004 година, се урна во атарот селото Хусковиќи во близина на Мостар. Првичната истрага што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност.

На барање на македонските власти, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР, беше отворена нова истрага во јануари 2013 година, што ја водеше меѓународен тим предводен од босанскиот експерт Омер Кулиќ. И во нивниот извештај како клучни причини за несреќата беа наведени грешки на екипажот и системски пропусти.

Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Македонија во периодот од 15. декември 1999 година до 26 февруари 2004 година.

Трајковски дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи.

Од 21 декември 1998 година ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи во Владата предводена од Љубчо Георгиевски. Трајковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно – политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на партијата, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Македонија и на меѓународната конференција „Решавање на конфликти“ со седиште во Атланта, САД. Бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

За претседател на Македонија беше избран во 1999 година.

 

22 години борис трајковски загина Кингер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026
ФОКУС
February 26, 2026

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот Извештајот за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

ВЕСТИ February 26, 2026

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи…

Рокас го откачи Мицкоски за ЕУ без право на глас – прво обврските па членство

February 25, 2026

Филипче: Мицкоски велеше ДУИ се криминалци а што се случи, се договориле со Груби

February 25, 2026

Продолжи судењето за Пулс – денеска пет нови сведоци

February 25, 2026
ТИКЕР

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.