Мицкоски ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци а што излезе? Се договориле со Артан Груби, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија.
Филипче нагласи дека случувањата на граничниот премин Блаце претставуваат сериозен удар врз правниот систем.
„
Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден – во државата се случи урнисување на правниот систем, рече Филипче.
Тој посочи дека начинот на кој се одвивало враќањето на Артан Груби отвора сериозни сомнежи во јавноста.
Се појави бегалец кој што е на листа, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка… единствено нешто што недостасуваше беше Црвен ќилим.
Во однос на одлуката за домашен притвор, Филипче укажа на контрадикторностите меѓу институциите.
Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот кој што кажа дека ниту АНБ, ниту МВР, кои се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле проценка. Тоа не се случило. Очигледно е дека договор има. На кој насмеан сте виделе да и му ставаат лисици? рече Филипче.
Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ нема страв од никакви постапки и дека секој што го прекршил законот треба да одговара.
Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем.“ потенцираше претседателот на СДСМ.
Филипче оцени дека со партизирано судство не може да се обезбеди вистинска правда.
Не се прави тоа со партизирано судство… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител.
Филипче посочи дека по начинот на кој беше спроведено е очигледно дека договор има.
Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден, тоа утро во државата се случи урнисување на правниот систем, се случи целосно губење на довербата на сите граѓани. Се појави бегалец кој што е на листа, луѓе кои ги бараат во државата, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, му ставија лисици луѓе кои што претходно беа дојдени, полицајци, не полицајците кои што се, кои работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим, рече Филипче.
Тој посочи дека граѓаните веќе чувствуваат страв поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача конкретни резултати за напредокот на државата.
Стравот е кај сите граѓани, дека оваа држава нема да ја биде. И стравот им е оправдан, затоа што видоа што и како се прават тие договори. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Се случи целосно губење на довербата на сите граѓани, на сите луѓе кои што живеат во оваа држава, дека ова власт може да испорача тоа што треба, нешто што треба – реформи, вистинска правда, и тоа се случи на очите на сите граѓани, рече Филипче.
Во интервјуто Филипче посочи дека никој повеќе не може да ги излаже граѓаните и покрај силната пропагандна машинерија на ВМРО.
40% од медиумите се контролирани од ВМРО ДПМНЕ, тоа се Орбановите медиуми кои што шират дефетизам, кои што шират анти ЕУ пропаганда, се вклучија да го одбранат, а тоа едноставно не се брани. Такви политички договори во кои што судството и обвинителството испорачуваат тоа што треба во интерес на некакви непринципиелни политички договори, не му носи добро на никој, рече Филипче.




