Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство го објави следниот 24-часовен ковид- биланс.
23 починати лица на возраст од 45 до 89 години. Најголемиот број починати се во Скопје- 8. Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19. И натаму Скопје на врвот на скалата по новозаразени случаи-183 по што следуваат Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес – по 13, Битола и Кавадарци – по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 551 оздравен пациенти.
Бројот на активни случаи изнесува 13.052, информираат од Министерството за здравство.