Бугарскиот весник „24 Часа“ пренесува дека бугарското вето за почеток на преговорите на земјава со ЕУ е поддржано и од Данска и Холандија. Во текстот се наведува дека таквата информација доаѓа од дипломатски извор во Брисел.
Весникот потсетува дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, преку својот фејсбук профил веќе изразил сомневање дека најмалку две држави преќутно го поддржуваат бугарското вето кон Македонија.
Во продолжение, изворот на весникот тврди дека дури и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.